Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Лековите и фармацевтското загадување во реките влијаат врз рибите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Лековите и фармацевтското загадување во реките влијаат врз рибите
Агровести

Лековите и фармацевтското загадување во реките влијаат врз рибите

Објавено 11/04/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Загадувањето од фармацевтските производи во водите има потенцијал да влијае на однесувањето и движењето на лососот, а потенцијално – и на другите риби, според научно истражување објавено денеска. Написот од испитувањата предводени од Шведскиот универзитет за земјоделски науки, е објавен во списанието „Сајенс“ (Science).

Научниците користеле фармацевтски ќесички со бавно протекување и ги следеле животните за да ја набљудуваат изложеноста на два вообичаени лекови и влијанието на атлантскиот лосос во шведската река Дал, додека рибата се движела кон Балтичкото Море. Испитувањата покажаа дека вообичаено откриените нивоа на соединението „Клобазам“ – лек што се зема за спиење, влијае врз миграцијата на рибите од реките во морето. Маркус Микеланџели од австралискиот Универзитет „Грифит“, кој има свој удел во научниот труд, ја истакна зголемената закана од фармацевтско загадување за дивиот свет и екосистемите.

– Фармацевтските загадувачи се растечки проблем на светско ниво, со повеќе од 900 различни супстанции откриени во водните патишта низ светот, рече Микеланџели.

Така, се вели дека „Клобазамот“ го скратува времето коешто му е потребно на лососот да мине низ две хидроелектрични брани на неговиот пат. Тоа, пак, ја прави миграцијата – побрза.

– Лососот изложен на „Клобазам“ е побрз, и се чини оти лекот нему му е „корисен“… Сепак, за секоја промена во природното однесување и екологијата на еден вид, може да се очекува да има пошироки негативни последици и за тој вид и за околната заедница на диви животни, објасни научникот.

– Многу фармацевтски производи остануваат во животната средина поради недоволната биоразградливост и непречистувањето на отпадните води, додаде Микеланџели.

Со создавање лекови коишто побрзо ќе се разградуваат и ќе бидат помалку штетни по употреба, може значително да го ублажиме влијанието на фармацевтското загадување врз животната средина во иднина. Посебно загрижувачки се психоактивните супстанции, како што се антидепресиви или лекови против болки, коишто можат значително да ја нарушат функцијата и однесувањето на мозокот кај дивите животни.  

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:влијаатзагадувањеЛековитерекитерибите
Претходен напис Трипуновски во Ресен: На денешната седница на Советот ќе се донесе одлука каде што ќе се прогласи природна непогода за регионот
Следен напис Исплатена втората транша од 74 милиони евра за поддршка на домашните компании, средствата префрлени од Буџетот кон Развојната банка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?