Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Лебот, маслото и брашното до 31 мај во продажба по набавни цени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Лебот, маслото и брашното до 31 мај во продажба по набавни цени
Агровести

Лебот, маслото и брашното до 31 мај во продажба по набавни цени

Објавено 10/03/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Лебот, зејтинот и брашното тип 400 од денеска ќе се продаваат по набавна цена, односно без профитна маржа, додека за другите основни прехранбени производи се намалува маржата на 4 проценти во трговијата на голема и на три процени во трговијата на мало, соопшти Министерството за економија.

Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки веќе е објавена во Службен весник и ќе важи до 31 мај.

За да се обезбеди законската основа за дел од мерките, Владата денеска ги утврди измените и дополнувањата на Законот за акцизите, и на Законот за данокот на додадена вредност по скратена постапка, кои ќе бидат испратени на усвојување во Собранието.

На оваа седница, во врска со економските мерки за справување на енергетската и ценовната криза, донесе Одлука за посебни услови за трговијата на одделни стоки.

Со оваа Одлука се определува највисоката трговска (профитна) маржа како посебен услов во трговијата со следните стоки: леб бел и полубел (цел и сечен на парчиња); сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло); брашно од пченица– тип 400; шеќер бел конзумен; трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%; свежо месо; сувомеснати производи – салама (посебна и паризер од свинско, пилешко и говедско), виршли (пилешки, свински, јунешки) и колбаси (пилешки, свински и говедски) со додатоци во нив; сирење бело кравјо и сирење бело мешано кравјо и овчо; урда кравја; македонски ориз бел; јајца од кокошка и шпагети и макарони од мека и друга пченица.

Според одлуката, највисоката трговска маржа за опфатените стоки за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо се утврдува во вкупен износ до 4% на продажната цена пресметана во трговијата на големо, односно во вкупен износ до 3% на продажната цена пресметана во трговијата на мало.

За стоките кои се опфатени со оваа одлука нема да се пресметува и одобрува рабат и надоместоци кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на големо и тоа за рекламирање и за изложување на стоките на рафтови односно полици.

Врз основа на добиената согласност на двете стопански комори производите леб бел и полубел (цел и сечен на парчиња), сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло) и брашно од пченица– тип 400, ќе се продаваат по набавна цена во трговијата на мало, без трговска маржа која е профитна маржа.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:брашнолеб
Претходен напис Николовски: Ја продолжуваме успешната соработка со германската развојна банка „KfW“ за финанирање на капитални проекти за развој на водостопанската инфрастурктура
Следен напис Се ограничува извозот на масло од сончоглед
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?