Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Лазов: Воведувањето на 10 отсто ДДВ на сончогледот е директен удар за фабриката и земјоделците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Лазов: Воведувањето на 10 отсто ДДВ на сончогледот е директен удар за фабриката и земјоделците
Агровести

Лазов: Воведувањето на 10 отсто ДДВ на сончогледот е директен удар за фабриката и земјоделците

Објавено 01/11/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Извршниот директор на фабриката „Кристал 1923“ – Горанчо Лазов од свое и име на земјоделците, од Владата побара ДДВ за сончоглед од 10 отсто повторно да биде како досега на 5 проценти. Тие потенцираа дека сончогледот не е луксузен производ туку суровина за производство на сурово масло, кое е од стратешки интерес за земјава.

-Затоа воведувањето на 10 отсто ДДВ на сончогледот е директен удар за фабриката и земјоделците бидејќи ниту сончогледот е луксуз ниту има потреба да се воведе 10 отсто ДДВ на сончоглед, затоа што ДДВ на суровото масло е 5 проценти. Нема никаква логика ДДВ на суровината да биде 10 отсто, кога на суровото масло кое го добиваме ДДВ е  5 отсто, потенцира Лазов.

Тој од  Владата побара да ја преиспита оваа одлука и повторно ДДВ да го врати на 5 посто.

Лазов информира дека веќе се сретнал со министерот за земјоделство и разговарал со него за овој проблем и очекува Владата наскоро да го реши. Според него, овој проблем дирекно го загрозува откупот на сончоглед, а тие засега се единствен откупувач во земјава, и како фабрика веќе 6-7 години прават големи напори да го вратат сончогледот на македонските полиња.

Лазов информира дека лани фабриката „Кристал 1923“ откупила 9.800 тони сончоглед, а годинава поради сушата и намалениот род  само 3.800 тони.

Лани цената била 35, а годинава 20,50 денари за килограм. Тој појасни  дека како компанија  не можат повеќе да им исплатат на земјоделците затоа што конкуренцијата е голема и цената во соседството на пример во  Србија е околу 320 евра, а тие на производителите на сончоглед им исплатите 333 евра.

Земјоделците во поголем број од реонот на Пелагонијата од Прилепско и Битолско побараа од Владата да им излезе во пресрет и да им доплати по 6-7 денари за произведен килограм сончоглед, а со цел и догодина да ја засејат оваа индустриска култура која е сурвина за масло за јадење и од стретешки интерес за земјава.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ддвлазовоткупсончогледфабрика
Претходен напис Потсетување: До 10 ноември е отворен повикот за грантови за земјоделски задруги до 37 000 евра
Следен напис Променливо облачно со локални врнежи од дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?