Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Лавините кај Бигорски манастир расчистени, прооден патот Дебар – Маврово
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Лавините кај Бигорски манастир расчистени, прооден патот Дебар – Маврово
Агропрогноза

Лавините кај Бигорски манастир расчистени, прооден патот Дебар – Маврово

Објавено 22/03/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со максимална ангажираност на четири машини синоќа кусо пред полноќ беа пробиени лавините што паднаа во близина на Бигорскиот манастир, на патниот правец Дебар – Маврово, делница Дебар – Жировница.

– Стануваше збор за три лавини, една поголема и две помали, пред и по бензинската пумпа кај Бигорски манастир, кои на коловозот донесоа над 1500 кубни метри снег, дрвја и камен. Најпрво беа пробиени наносите, а потоа и исчистен материјалот, изјави за МИА Деар Лиманоски, раководител на дебарската секција на „Македонија пат“.

Градоначалникот на општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски, на чија територија е овој дел, вели дека веднаш по добиената информација биле преземени потребните активности.

-Лавините паднаа околу 20.40 часот. Веднаш заминавме на самото место со машината со која располагаме како општина. Се обративме до Бигорски манастир, од каде, како и секогаш, ни излегоа во пресрет и пуштија машина. Беше вклучена и дебарската секција на ЈП „Македонија пат“, а потоа и машина на компанијата „Кнауф Радика“. Искажувам голема благодарност на сите ангажирани, изјави за МИА, Куртовски.

Додава дека за среќа е избегната трагедија.

-Една од лавините зафатила едно возило од кое еден од патниците беше со лесна повреда на ногата. Не сакам ни да помислам каква трагедија можеше да се случи – рече тој.

Поради лавините, сообраќајот беше целосно во прекин. Локацијата каде што беа паднати лавините е позната по вакви појави, но, за среќа, досега не се регистрирани несакани последици.

Поширокиот Дебарски Регион, општините Дебар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, вчера попладне беа зафатени со обилни снежни врнежи.

Може да ви се допадне

Времето денес ќе биде сончево и топло, во попладневните часови појава на нестабилност со засилен ветер, пороен дожд и грмежи
УХМР: Утре попладне засилен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град
Сончево и топло, температура до 37 Целзиусови степени
До крајот на денот сончево и топло, попладне наместа нестабилно со пороен дожд, локалното невреме поизразено в среда и четврток
Сончево и топло со умерена локална облачност, наместа нестабилно со пороен дожд
Таг:бигорскилавинаМаврово
Претходен напис Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд и снег на планините и на повисоките места
Следен напис Укината забраната за камиони на премините Ѓавато и Стража и на патот Струга – ГП Ќафасан
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?