Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Лашкоска: Поголемото учество на жените во зелените технологии го забрзува зелениот развој
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Лашкоска: Поголемото учество на жените во зелените технологии го забрзува зелениот развој
Агровести

Лашкоска: Поголемото учество на жените во зелените технологии го забрзува зелениот развој

Објавено 16/03/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денес во Скопје учествуваше како панелист на настан посветен на унапредување на улогата на жените во развојот на технологии со ниски емисии и одржливи решенија.

Настанот се одржа во Центарот ИНОКС во Скопје и обедини претставници од институциите, академската заедница, приватниот сектор и граѓанските организации. Целта беше да се поттикне поголема вклученост на жените во развојот на зелените технологии, климатските политики и иновациите поврзани со енергетската трансформација.

Во своето обраќање, Лашкоска нагласи дека зелениот развој претставува повеќе од еколошка обврска, тој отвора нови можности за економски и професионален напредок.

„Зелениот развој создава нови професии, нови знаења и нови перспективи. Заедничка одговорност на сите нас е да обезбедиме овие можности да бидат достапни за сите, особено за младите девојки и жени кои сакаат со своето знаење и креативност да придонесат во создавањето на одржливи решенија и иновации,“ истакна Лашкоска.

Таа посочи дека за постигнување на успешна зелена трансформација неопходна е посилна соработка меѓу институциите, образовниот систем и деловната заедница, со цел подобро усогласување на образованието со потребите на пазарот на труд.

„Потребно е да изградиме средина во која девојките и жените ќе имаат еднаков пристап до образование, обуки и професионален развој во областа на зелените технологии. Кога ќе им се овозможи пристап до знаење, иновации и лидерски позиции, тие стануваат важен двигател на одржливите промени во општеството,“ додаде Лашкоска.

Во рамките на настанот се одржаа повеќе панел-дискусии посветени на улогата на жените во климатските политики, како и на можностите за развој на зелено претприемништво и одржливи иницијативи, особено во областите на туризмот, локалниот развој и иновациите.

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:женитезелените технологиилашкоскаучество
Претходен напис ЕУ: Болестите на живината го намалуваат производството – Дали постои закана од недостиг на јајца пред Велигден?
Следен напис Американските акции растат додека цените на нафтата паѓаат поради можното поминување на танкери низ Ормускиот теснец
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?