Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кутиров: До крајот на месецот целосно автоматско завршување на царинската постапка за еден час
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Кутиров: До крајот на месецот целосно автоматско завршување на царинската постапка за еден час
Агровести

Кутиров: До крајот на месецот целосно автоматско завршување на царинската постапка за еден час

Објавено 21/11/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Целосно автоматско завршување на царинската постапка за еден час од поднесувањето на царинската декларација, најавува директорката на Царинската управа Славица Кутиров. Ова, според Кутиров, би требало да профункционира до крајот на месецов.

– Истата ќе важи за т.н зелени царински декларации, односно декларации кои се правилно пополнети, со електронски приложени сите документи и кои системот ги селектирал како неризични, односно кои не подлежат на дополнителни проверки и контроли. Секако има уште еден услов, а тоа е веќе да се платени или обезбедени давачките. Целосно автоматско завршување на постапката значи дека истата застапниците ќе можат да ја спроведат далечински, без да доаѓаат во царинските терминали и без било каква интеракција од страна на царинскиот службеник. Со оваа новина за прв пат ќе обезбедиме комплетна бесхартиена постапка, појаснува Кутиров во интервју за весникот „Коха“.

Овој месец преку платформата за интероперабилност, Царинската управа, како што посочува Кутиров, ќе се поврзе и со системот на Министерството за транспорт и врски и ќе бидат пуштени нови сервиси, со чија помош царинските службеници на граничните премини ќе можат да извршат проверка на транспортните дозволи на превозниците, изводите од лиценците и сертификатите на возачите.

– Истовремено за пријавување на невалидни документи, системот автоматски ќе испрати известување до Државниот инспекторат за транспорт, како надлежен за понатамошно постапување. Со ова очекуваме дека во целост ќе бидат спречени евентуални појави на приложување на лажни или невалидни транспортни документи од страна на превозниците, вели Кутиров. Со сите овие новини, според директорката на Царинската управа, ќе се намали влијанието на човечкиот фактор и можноста за субјективно одлучување на царинските службеници со што се влијае врз намалувањето на корупцијата.

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:славица кутировцарина
Претходен напис Зголемени водостоите на реките Пчиња и Кумановка
Следен напис Агенција за финансиска поддршка во земјоделството: Исплатени се субвенциите за органско производство за 2021 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?