Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кумбароска Ванбeсин  во „Бизнис-клуб“: Вештачката интелигенција треба да се разбере како добра алатка која може да се користи за поефикасно и побрзо работење
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Кумбароска Ванбeсин  во „Бизнис-клуб“: Вештачката интелигенција треба да се разбере како добра алатка која може да се користи за поефикасно и побрзо работење
Агровести

Кумбароска Ванбeсин  во „Бизнис-клуб“: Вештачката интелигенција треба да се разбере како добра алатка која може да се користи за поефикасно и побрзо работење

Објавено 21/03/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во најновата епизода на поткастот „Бизнис-клуб“ со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески, гостин е Марија Кумбароска-Ванбесин, доверлив советник за стратешки вработувања на високи позиции во одбори и во извршното раководство на консултантското претпријатие „Корн Фери“ во Брисел, која изнесува ставови за значењето на човечките ресурси во остварувањето раст и развој во организациите и за потребата од вложување во нив во насока на зголемување на нивото на нивното знаење и на стекнувањето нови вештини.

Во разговорот Кумбароска Ванбесин, истакна дека развојот на технологијата во компаниите оди многу бргу, а тоа бара нов пристап и нов начин на справување со одредени процеси, при што човечките ресурси ќе бидат ставени во прв план и целосно интегрирани за да може сѐ да функционира најдобро. Според неа, во време кога имаме хибриден начин на работење, на различна просторна оддалеченост, треба точно да се знае како да се усогласи тимот за да работи заедно во насока на подигнување на продуктивноста и остварување подобри резултати. Но, сепак, според Кумбароска, колку повеќе технологијата ни овозможува да сме подобри и поефикасни, од друга страна, дотолку повеќе е намалена човековата непосредност, што има негативни последици.

Кумбароска Ванбесин, во емисијата го изнесе мислењето на многумина кои сметаат дека вештачката интелигенција ќе уништи многу професии, меѓу кои и менаџментот и консалтингот, со кои се занимава таа, но, според неа, вештачката интелигенција треба да се разбере само како добра алатка која може секојдневно да се користи за да се биде поефикасен, подобар и побрз во работењето и која помага да се носат заклучоци врз база на податоци и факти, но, сепак, таа не може да биде главната стратешка цел во носењето одлуки.

Својата кариера ја започнала како истражувачки аналитичар во водечка компанија за истражување, па затоа ги знае процесите, а во текот на годините напредувала до оперативен раководител и станала партнер во фирмата. Нејзината последна позиција пред да премине во консултантската фирма „Корн Фери“, во која сега работи, била менаџер за ангажман во фирмата „Ерик Салмон и партнерите“.

Во продолжение на емисијата со претседателот на Стопанската комора Азески, зборуваше за дејноста на нејзината фирма, која се занимава со пронаоѓање професионалци кои би работеле во извршните тела на компаниите и со подигнување на перформансите на човечкиот кадар не само во приватниот, туку и во јавниот сектор, особено во државната администрација. Според анализите што ги прави нејзината фирма, хибридното работење ќе го даде својот ефект – вработените ќе сакаат да имаат поголема флексибилност и таа да биде потврдена од работодавецот, а вештачката интелигенција ќе има голем ефект врз некои индустрии како на пример фармацевската, банкарството и сл., што ќе поттикне секоја компанија да мора да вложува во обуки за стекнување такви вештини.

Запрашана за проблемот со недостигот од работна сила, Кумбароска Ванбесин, истакнува дека првата причина е иселувањето на младите од нашата земја, и тоа на високоинтелектуален кадар кој би можело да биде на високи лидерски позиции кај нас, а втората причина ја гледа во новиот поглед кон работата на новата генерација млади, која не сака да работи што било. Таа појасни дека тие се генерација која знае што сака и која има цел, а доколку целта што се бара од нив не е компатибилна со нивната лична цел, нема да ја прифатат работата. Начинот на размислување кај нив е сменет во однос на размислувањата на младите во минатото, во поранешна Југославија, кога требало да се работи, да се испорачува, да се постигнуваат резултати и да се оди напред.

Стопанска комора на Северна Македонија

Може да ви се допадне

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на претседателката на Индија
Редовно наводнување на културите и почитување на препораките за работа на отворено, препорачуваат агрометеоролозите
Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
Таг:Бизнис-клубВештачката интелигенцијаКумбароска Ванбeсинпоефикасноработење
Претходен напис Најстудено утрово во Берово со минус осум степени
Следен напис Голем пожар на земјоделски површини во близина на Струмица
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?