Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Крофни од рерна
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Крофни од рерна
Магазин

Крофни од рерна

Објавено 06/07/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Меки, воздушести и вкусни, овие крофни се печат во рерна, па се полесна варијанта од традиционалните пржени крофни. Совршени се за појадок, десерт или слатко уживање со шолја кафе или чај.

Состојки:

  • 20 грама свеж квасец
  • 3 лажици кристален шеќер
  • 500 грама брашно за квасно тесто
  • ⅓ лажичка сол
  • 200 мл топло млеко
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 100 грама растопен путер
  • 1 жолчка
  • Мармалад или чоколаден крем, по желба
  • Шеќер во прав за наросување


Подготовка:

Во 100 мл топло млеко издробете го квасецот, додајте една лажичка шеќер и оставете го да надојде околу 10 минути. Во поголем сад ставете го брашното и направете вдлабнатина во средината. Додајте го надојдениот квасец, преостанатиот шеќер, ванилиниот шеќер, жолчката и солта. Постепено додавајте ги останатите 100 мл топло млеко и растопениот путер, а потоа замесете меко тесто. Најпрво месете со миксер со додатоци за тесто, а потоа продолжете со рачно месење додека тестото не стане мазно, еластично и не престане да се лепи. Покријте го тестото и оставете го да нарасне околу 1 час, односно додека не го удвои својот волумен.

Надојденото тесто премесете го кратко, развлечете го и поделете го на 12 еднакви делови. Од секој дел оформете топче и наполнете го со мармалад или чоколаден крем, затворајќи го убаво од долната страна. Наредете ги крофните во плех обложен со хартија за печење и оставете ги повторно да нараснат околу 20–30 минути. Потоа премачкајте ги со жолчка и печете ги во претходно загреана рерна на 180 °C околу 15–20 минути, додека добијат златножолта боја. Оставете ги кратко да се изладат, а потоа наросете ги со шеќер во прав и послужете ги. 

МИА

Може да ви се допадне

Пченкарен ослич
Ладна салата со тестенини и пилешко
Полнет модар патлиџан со зеленчук
Туна салата
Трилече – мек и сочен десерт со карамел
Таг:крофнирерна
Претходен напис Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози
Следен напис Министерот Трипуновски оствари средба со претставниците на МЗЗ и МАЗЗ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?