Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Крлежите можат да предизвикаат помор на јагниња и јариња
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Сточарско производство > Крлежите можат да предизвикаат помор на јагниња и јариња
Сточарско производство

Крлежите можат да предизвикаат помор на јагниња и јариња

Објавено 24/03/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Одгледувачите на животни, сопствениците на домашни миленици, планинарите, ловците и сите кои се во контакт со природата често се среѓаваат со крлежи. Пролетта и почетокот на летото е време кога тие стануваат доста активни. Имаат поволна температура и доволно влага.

Постојат голем број различни крлежи кои имаат свој опсег. Освен што цицаат крв, тие пренесуваат многу предизвикувачи на болести. Кога фокусот ни е на животните, најзагрозени се животните на пасиштата, а потоа кучињата и мачките. Покрај Лајмската болест и менингоенцефалитисот, тие пренесуваат бабезиоза, медитеранска пегава треска, анаплазмоза, пиемија и други.

Овците и козите најзагрозени

Дека се многу опасни за овците и козите, говори и фактот што со пренесување на предизвикувачкиот агенс на болеста може да предизвикаат помор на јагнињата и јарињата. На тој начин ги инфицираат со бактерии, што доведува до појава на смрт. Кај постарите јагниња, може да премине во хронична состојба бидејќи бактериска инфекција предизвикува насобирање на гној.

Волната и влакната кај овците и козите имаат заштитна улога, но идеална е за крлежите да се вовлечат и да останат незабележани. На едно животно можеме да најдеме дури неколку различни видови од овој инсект.

За време на пролетното пасење, овците и козите минуваат низ висока трева и грмушки каде што се кријат овие паразити. Покрај директен контакт, тие можат да се пренесат и од животно на животно. Нивниот број се зголемува како што се намалува квалитетот на чување. Колку животните се позапуштени, валкани, колку над нив не се преземаат превентивни мерки, не се хранат добро, им се дозволува да пасат каде што има многу грмушки и обраснати површини, толку повеќе има предизвикувачи на овие болести.

Кога крлежите се присутни на телото на овците и козите, животните се тријат по објекти, стебла, ги гризат местата што ги чешаат, доаѓа до губење на волната или влакната. На површината на кожата се формираат „ќелави точки“, а таквата кожа е иритирана, црвена, отечена, изгребана. Крлежите можат брзо да го покријат телото на животното бидејќи брзо се размножуваат. Голем број единки ќе предизвикаат губење на апетит и намален имунитет. Јагнињата и младите грла кои се одгледуваат за продажба губат на тежина.

Превентивни мерки и уништување на крлежите

Најважно е да се одреди на која парцела или место животните доаѓаат во контакт со овие паразити. Крлежите сакаат густа вегетација и потребна им е влага. Проблемот најчесто се јавува околу живата ограда, во ќошињата на парцелите, на осојничавите места обраснати со густа вегетација, на работ на шумите. Доколку е можно, потребно е редовно уредување и косење на пасиштата и живата ограда.

Уништувањето оди со помош на ветеринарни лекови, а може да се користат и методи кои ги користеле сточарите уште во минатото.

Се користат различни лекови кои се нанесуваат на површината на кожата или во форма на спреј, прав или течност. Кога таквите третмани не даваат резултати, се користат во форма на вакцини.

Механичко отстранување може да се изврши во случај на мал број со почитување на ветеринарните упатства.

Животните може да се третираат со ароматични масла како лаванда или гераниум. Посебно внимание треба да се посвети на пределот помеѓу нозете, на деловите од нозете од внатрешната страна каде што нема волна и зад ушите.

Во продажба може да се најдат и еко производи за оваа намена, а се направени на база на кокосово масло, масло од репка, јојоба и други растителни масла, овошни киселини и други материи. Нивната предност е што имаат пријатен мирис и лесно се нанесуваат.

Може да ви се допадне

Пореметувања во однесувањето кај свињите: гризење на опашките, канибализам и нервоза – причини, последици и превенција
Каде исчезнаа еден милион овци и илјадници говеда за 10 години?
Правилна изградба и вентилација на шталата за поголема продуктивност на кравите
Модерен овчар: Сточарите знаат да прават притисоци ама знаат и да се заблагодарат
Кои раси се најчувствителни на маститис кај млечните крави?
Таг:полжави
Претходен напис За да го регулирате притисокот, јадете млад кромид
Следен напис Сончево и топло време до недела, в понеделник локални врнежи од дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?