Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Крива Паланка добива Дом за стари лица порачаа Николовски и Тренчевска на трибината со пензионерите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Крива Паланка добива Дом за стари лица порачаа Николовски и Тренчевска на трибината со пензионерите
Агровести

Крива Паланка добива Дом за стари лица порачаа Николовски и Тренчевска на трибината со пензионерите

Објавено 08/04/2024
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Просторот на домот за ученици Боро Менков во општина Крива Паланка, во еден дел станува Дом за стари лица во општината Крива Паланка.

Над 34 милиони денари ќе бидат издвоени од Буџетот на МТСП за реконструкција и прилагодување на Ученичкиот Дом „Боро Менков“ во дом за стари лица. Општина Крива Паланка е една од општините со најмногу корисници на услугата помош и нега во домот. Услуга која ја користат 95 корисници, за кои се грижат 32 негователи.

Сите граѓани, вклучувајќи ги и повозрасните заслужуваат достојни услови за поминување на своето време, за спокојни пензионерски денови поминати во радост и среќа, порачаа министрите Николовски и Тренчевска од трибината со пензионерите во Крива Паланка.

– Од заробена држава на привилегираните, денес сме слободна држава на сите граѓани. Од држава која парите ги даваше за споменици и лажен мермер, денес сме држава која парите ги враќа кај граѓаните. За разлика од претходно кога државата мораше секој месец да се задолжува за да може да исплати пензии, плати, субвенции кон граѓаните, денес државата платите, пензиите и субвенициите, кон граѓаните ги исплаќа без никаков проблем, истакна министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Тој додаде дека со новата Методологија за раст на пензиите на пензионерите им се гарантира постојан раст на пензиите. Сите 330.000 пензионери два пати годишно имаат гарантирано усогласување на пензиите, следејќи ги растот на трошоците за живот и порастот на просечната плата. Ваквата методологија гаранитра стабилен пензински фонд и сигурна пензија до секој еден пензионер.  

Пензионерите се сведоци на лошите искуства кога дефицитот на пензискиот фонд изнесуваше 48%, истакна министерката Тренчевска и додаде дека нема да се дозволи ново нарушување на пензискиот фонд.

– Пензиите ќе продолжат да растат, по формулата на новата методологија, мерка со која нема да се наруши стабилноста на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, истакна Тренчевска.

Граѓаните знаат дека со нас дадениот збор се исполнува, дека за нас зборот даден пред граѓаните важи, нагласи Николовски.

– Докажавме дека платите можат да растат, да растат пензиите, да има зголемени и навремени субвенции за земјоделците. Денес минималната плата изнесува 22.500 денари, а просечната плата изнесува 40.000 денари. Растат и пензиите па денес минималната пензија изнесува 13.900 денари, а просечната пензија 20.195 денари, истакна Николовски.

Во новата програма за пензионерите СДСМ се обврзува на минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари.

СДСМ предвидува два пати годишно раст на пензиите како усогласување со трошоците за живот и растот на минималната плата, односно усогласување секој јануари и јуни во годината. Воведување на новогодишен пакет  за секој пензионер во висина од 6000 денари, потрошувачка картичка со попуст од 30% на прехранбени производи за пензионерите и изградба на најмалку 12 нови домови за стари лица, се дел од ветувањата кои СДСМ ги има предвидено во новата програма за пензионерите.

Може да ви се допадне

Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Таг:Дом за стари лицаКрива ПаланкаНиколовскипензионеритеТренчевска
Претходен напис Бразил и Колумбија се водечки земји во спречувањето на уништувањето на амазонските прашуми
Следен напис Сончево и топло, температури до 28 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?