Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кристофер Хил: Европа го сака Балканот, не ги сака балканските проблеми
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Кристофер Хил: Европа го сака Балканот, не ги сака балканските проблеми
Агровести

Кристофер Хил: Европа го сака Балканот, не ги сака балканските проблеми

Објавено 13/05/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Поранешниот американски амбасадор Кристопфер Хил, кој денеска зборуваше на панелот Leading in the Hot Seat: Decisions That Shape Economies на самитот на „Македонија 2026“, ја истакна важноста од соработката на лидерите на балканските земји, но и посочи на изреката „Размислувај глобално, делувај локално“. Главна поента од овој панел беше дека лидерството се тестира во моменти на притисок, а донесувањето одлуки ги дефинира и економиите и индустриите.

– Апсолутно круцијално за лидерите е да ја разберат важноста на тоа да работат заедно со други лидери – истакна Хил, кој рече дека би било најдобро доколку балканските земји дојдат во позиција во Европската Унија да работат заедно. 

Според него, потребна е поголема соработка меѓу земјите и лидерите во регионот. 

– Европа го сака Балканот, но не ги сака проблемите на Балканот – рече Хил посочувајќи дека атрактивен предлог е заедно да работат Албанци, Срби, Македонци… и дека тоа би било голем пазар. Смета дека доколку балканските земји соработуваат, ќе имаат многу поголем напредок. 

На истиот панел зборуваше и Светозар Јаневски, стопанственик и сопственик на „Тиквеш“, кој, меѓу другото, раскажуваше за периодот кога ја презел компанијата „Тиквеш“ и како го развивал бизнисот.

Според Јаневски, потребно е граѓаните, без разлика дали се Македонци или Албанци, да ја градат и развиваат земјата заедно, да се гради една нација. – Ова е сè уште неразбирливо за некои. Главно е како да се согласиме и како да бидеме заедно – рече тој.

Македонија2026 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:БалканотЕвропаКристофер Хилпроблеми
Претходен напис Интензивно се гради новиот резервоар за вода во Ростуше 
Следен напис ИЕА очекува пад на производството на нафта во 2026 година на околу 102,2 милиони барели дневно
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?