Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: КПУ Затвор Струмица ја проширува економијата: Осудените лица започнаа со одгледување кокошки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > КПУ Затвор Струмица ја проширува економијата: Осудените лица започнаа со одгледување кокошки
Агровести

КПУ Затвор Струмица ја проширува економијата: Осудените лица започнаа со одгледување кокошки

Објавено 22/04/2026
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Управата за извршување на санкции најави значително унапредување на работниот ангажман на осудените лица во казнено-поправната установа во Струмица. Како дел од процесот за ресоцијализација и стекнување нови вештини, затворската економија од неодамна е збогатена со развој на сопствена живинарска фарма.

Проектот започна со набавка на 50 садни кокошки, со што се отвора нов сектор за работа во рамките на установата. Оваа активност доаѓа како дополнување на веќе постоечките занаетчиски и механичарски работилници, како и досегашните земјоделски капацитети кои вклучуваат работа на ниви, свињарска и сточарска фарма.

Од Управата нагласуваат дека ваквиот вид на работно ангажирање е од клучно значење за осудениците, бидејќи им овозможува квалитетно поминување на времето и стекнување практични знаења кои ќе им бидат од корист по нивното отпуштање на слобода. Со проширувањето на живинарството, КПУ Затвор Струмица продолжува да се развива во самоодржлива единица која преку трудот на осудените лица придонесува за нивна поуспешна интеграција во општеството.

Може да ви се допадне

Албанија и Косово ја зајакнуваат  соработката во областа на земјоделството
Воведена забрана за движење во Паркот на природата Езерани поради опасност од пожари
Куманово утре со прва авионска дезинсекција против комарци, ќе бидат опфатени 1.270 хектари
Димитриеска-Кочоска: Исполнети чекорите од Реформската агенда посветени на транспарентност, отчетност и подобро управување со јавните финансии
Народна банка: Употребата на дигиталните канали за плаќања на граѓаните бележи раст и во првиот квартал од 2026 година
Таг:економијатакокошкиКПУ Затвор Струмицаодгледување
Претходен напис Валандово домаќин на Државниот тракторски натпревар
Следен напис Без вода утре делови од Центар и Чаир
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?