Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ковачевски: Вложуваме во нашиот заштитен знак – македонското вино, го стабилизиравме домашното производство, трета година по ред расте и извозот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ковачевски: Вложуваме во нашиот заштитен знак – македонското вино, го стабилизиравме домашното производство, трета година по ред расте и извозот
Агровести

Ковачевски: Вложуваме во нашиот заштитен знак – македонското вино, го стабилизиравме домашното производство, трета година по ред расте и извозот

Објавено 14/02/2023
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Премиерот Димитар Ковачевски, во придружба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска беше во посета на Ресава, во Тиквешкиот регион, каде, со традиционалното закројување на лозјето, се одбележа денот на лозарите, Св. Трифун.

Честитајќи им го празникот на лозарите и производителите на вино, премиерот Ковачевски посочи на мерките на Владата на Република Северна Македонија, кои се насочени кон поддршка на лозарството и винарството.

„Во чест на празникот Св. Трифун, традиционално ги закроивме лозjaта со желба и надеж за уште една поплодна година од минатата. Денес го празнуваме трудот на луѓето кои со квалитетот на нивното вино нѐ прославуваат како држава низ светот, по што, меѓу другото, сме и почитувани насекаде.

Тука сме за да им помогнеме, да ги поддржиме, да им оддадеме признание за нивната макотрпна работа и да им дадеме уверување дека и оваа година ќе им обезбедиме квалитетни услови за работа, како што тоа го правиме континуирано и без никакви задршки. Во изминатиот период ја покажавме нашата грижа и посветеност да ги помогнеме лозарството и винарството и да ги направиме уште поконкурентни за регионалните и светските пазари“, истакна премиерот Ковачевски.

Потенцирајќи го квалитетот на нашето вино во светот, премиерот нагласи дека според бројките, има нагорен тренд во извозот на вино.

„Минатата 2022 година, вкупниот извоз на вино достигна рекордни 58 милиони евра, што е за скоро 9 милиони евра зголемување во однос на извозот од 2021 година.

Со порастот на извоз, веќе трета година по ред, бележиме континуиран раст на извозот на флаширано вино, а со тоа и постојан раст на девизниот прилив и јакнење на домашната економија.

Успеавме да го стабилизираме домашното производство на грозје со просечно производство од околу 270 илјади тони на годишно ниво. Додека, просечното годишно производство на вино е околу 100 милиони литри.

Заеднички постигнавме историски највисока откупна цена на грозјето за 2022 година“, рече премиерот, набројувајќи ја поддршката преку Програмата за финансиска поддршка во земјоделството, зголемениот износ за мерката зелена нафта, како и грантовите за малите винарници.

Тој најави дека и годинава се предвидени грантови за малите семејни винарии, кои ќе можат, преку грант од 10.000 евра, државна помош, да инвестираат во своите бизниси, а дополнително, за прв пат ќе се помогнат малите дестилерии, со грант од 5.000 евра грант, со кои ќе можат да набават опрема за производство и пакување. Премиерот Ковачевски најави и дека се подготвува нов Закон за вино, кој е усогласен со ЕУ регулативите и кој ќе придонесе за поквалитетно вино.

Исто така, се подготвува и Национална стратегија за развој на лозарството и винарството, која Владата ја носи за период од најмалку 5 години.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски изјави:

„Успешната приказна на малите семејни винарии, ќе продолжи и оваа година, со грант до 600.000 ден., а за прв пат ќе стартува нова Програма за поддршка на мали дестилерии. Новиот Закон за вино, влегува во владина постапка.

Тоа е уште еден успех, кој ќе овозможи користење на ознаките за квалитет прилагодени со законодавството на ЕУ. Лозарите и винариите ќе имаат можност да формираат здруженија во кои заеднички ќе го договараат квалитетот на грозјето, а со тоа и квалитетот на виното. Ќе се зголеми и сигурноста на лозарите бидејќи согласно новиот закон, секоја година до 15 јули, ќе се утврдува производната цена на грозјето, што ќе придонесе лозарите да добиваат достоинствени откупни цени“.

Горан Јаковлевски, претседател на здружението Тиквешки семејни винарии, се заблагодари на финансиската поддршка од страна на државата.

„Во име на здружението Тиквешки семејни винарии, во кое членуваат шеестина производители на вино и десетина, од минатата година, регистрирани производители на ракија, би сакал да ви се заблагодарам за финансиска поддршка- грант за купување на опрема за малите винарии во износ од 10.000 евра, кои, за прв пат, беа доделени минатата година.

Таа помош дојде во вистинско време на право место, таму каде што е најнеопходна на малите производители на вино. Ние посакуваме и се надеваме дека во иднина ќе бидеме главниот столб на винарството во Македонија.

Ве охрабрувам, поддршката да продолжи и понатаму и не само на производителите на вино и ракија туку и на останатите производители на храна затоа што ние достојно ја чуваме и негуваме македонската традиција“, нагласи Јаковлевски.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:свети трифун
Претходен напис Николовски: Во нашата македонска Тоскана закројуваме винова лоза за среќа, за богат и квалитетен род, за уште една добра винска година
Следен напис Зошто лозјата се закројуваат токму на Свети Трифун и какви обичаи постојат низ различни делови од Македонија?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?