Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ковачевски: Спроведуваме политики за поддршка на земјоделството за зголемување на домашното производство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ковачевски: Спроведуваме политики за поддршка на земјоделството за зголемување на домашното производство
Агровести

Ковачевски: Спроведуваме политики за поддршка на земјоделството за зголемување на домашното производство

Објавено 26/04/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во експозето по повод првите 100 дена од работата на Владата, премиерот Ковачевски на тематската седница истакна дека во услови на една од најголемите светски кризи направени се максимални напори за зголемување на домашното производство на основни суровини на храна и се обезбедени потребните количини од увоз.

„Со усвоениот сет мерки, со интервентниот фонд и со „Националниот план за производство на храна“, даваме силна поддршка на земјоделците и на граѓаните и овозможуваме навремено снабдување со основните суровини за производство на храна, со ѓубриво за сеидба и прихрана, семенски материјал и „зелена нафта“. Целта е со оваа поддршка да се справиме со светската криза, но и да станеме увозно независни со достапна и поевтина храна”, подвлече премиерот Ковачевски.

Тој истакна дека со Националниот план за производство на храна во вредност од 400 милиони денари e поддржано домашното производство на стратешките земјоделски производи преку краткорочни и долгорочни мерки. Како што информираше, издвоени се 250 милиони денари за Програмата за интервентен фонд за мерки за помош на земјоделците со кои се намалуваат производствените трошоци и се зголемува домашното производство на земјоделско-прехранбени производи.

Премиерот информираше и дека е објавен наменски оглас за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп, односно речиси 6.000 хектари се ставаат на располагање на земјоделците за производство на стратешки култури како што се пченицата, пченката, јачменот и сончогледот. Како што подвлече, променет е и моделот на исплата на државните субвенции во интерес на земјоделците, односно согласно европските регулативи, сега е предвидена предвремена, авансна исплата, тогаш кога финансиските средства им се најпотребни на земјоделците.

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Претходен напис За продолжениот празничен викенд локален дожд и пад на температурите
Следен напис Времето денеска сончево и топло
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?