Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ковачевски: Со новиот модел за субвенции ги јакнеме стратешките земјоделски гранки за зголемено домашно производство на храна
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ковачевски: Со новиот модел за субвенции ги јакнеме стратешките земјоделски гранки за зголемено домашно производство на храна
АгровестиСубвенции

Ковачевски: Со новиот модел за субвенции ги јакнеме стратешките земјоделски гранки за зголемено домашно производство на храна

Објавено 05/11/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Премиерот Ковачевски, попладнево ја посети семејната винарија Јаковлевски во Кавадарци со семејна традиција долга повеќе од 50 години, кои од 2020 година се регистрирани и се една од 59 мали винарии кои ги искористија измените на Законот за вино и добија неповратен грант од 10.000 евра по корисник за поддршка во опрема и инвестиции.

Тој нагласи дека и покрај светската, прво здравствена, а сега и економско-енергетска криза, што се чувствува и во нашата држава, само за две години, во регистарот на производители на вино се запишале нови 70 мали винарии со капацитет до 50.000 литри вино, од кои 11 се правни и 59 физички лица.

– Ова е доказ на дело дека мерките даваат голем резултат, рече меѓу другото Ковачевски.

Со новиот, т.н де-каплинг (decoupling) систем, пак, земјоделците добиваат авансна исплата на субвенциите, во тековната година кога конкурирале за субвенцијата, односно тогаш кога им се најпотребни парите.

Дополнителна поддршка добиваат оние земјоделци кои ќе се насочат кон производство на стратешките култури, со користење на сертифицирано семе и производот ќе го предадат кај регистрирани капацитети или земјоделски задруги.

– Досегашниот систем, според којшто земјоделците добиваа субвенции без да прикажат дека оствариле производство, се заменува со прикажување резултати од вложувањето. При тоа, со новиот модел на субвенционирање не е предвидено намалување на средствата за земјоделците, туку поефикасна распределба на средствата и побрза исплата.

Нашата цел е да им помогнеме на земјоделците, тоа што тие го побараа од нас, да имаат предвидливо и одржливо земјоделско производство. Ова е бенефит и за земјоделците и за граѓаните и за државата и верувам дека ќе имаме успех и од оваа системска реформа. Оваа година, во најкризната 2022 година и сите заостанати субвенции ќе бидат исплатени, со што, повторно ќе порачам, покажуваме на дело што значи никој да не биде оставен сам и парите да одат кон граѓаните на кои им припаѓаат, односно вистинска грижа на државата кон нејзините граѓани, дециден беше Ковачевски.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:decouplingде-каплингнов модел за субвенционирање
Претходен напис Ковачевски во посета на млекарницата „Млечен пат“: Владините мерки даваат резултати за стабилизација на цените на храната и јакнење на стратешките земјоделски култури
Следен напис ЈП „Чистота и зеленило“ Куманово собира суво лисје за производство на компост
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?