Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ковачевски: Со интегрираниот електронски систем за наплата на патарини во Северна Македонија и Србија граѓаните патуваат побрзо, побезбедно и полесно
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ковачевски: Со интегрираниот електронски систем за наплата на патарини во Северна Македонија и Србија граѓаните патуваат побрзо, побезбедно и полесно
Агровести

Ковачевски: Со интегрираниот електронски систем за наплата на патарини во Северна Македонија и Србија граѓаните патуваат побрзо, побезбедно и полесно

Објавено 16/07/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ денеска, на наплатната рампа Прешево го промовираа заедничкиот интегриран електронски систем за наплата на патарините.

Станува збор за брзо и ефикасно плаќање на патарините во Северна Македонија и Србија со помош на посебен ТАГ уред за бесконтактно електронско плаќање на патарина, кој успешно функционира и овозможува непреченo движење преку териториите меѓу двете земји.

Премиерот Ковачевски истакна дека најдобра потврда дека Отворен Балкан е иницијатива која дава резултати, која функционира и која луѓето ја сакаат.

-“Отворен Балкан ако погледнеме на истражувањата за јавно мислење е единствена регионална иницијатива која има поддршка над 80% во земјите кои се дел од иницијативата. А тоа е затоа што иницијативата дава резултати. За само 3 месеци српски и македонски инженери успеаа да го направат решението за единствена електронска наплата на патарините. Ние денес заедно со министерот Бочварски дојдовме со кола од Скопје со купена М-ТАГ картичка од Македонија која перфектно функционира во Србија. До следниот петок ќе биде направено решението и за товарниот сообраќај, така да и камионите ќе можат да поминуваат”, истакна премиерот

Според него ова е уште една потврда дека иницијативата работи токму на забрзување на протокот на луѓе, стоки и услуги и на капитал. Премиерката кажа дека благодарение на оваа иницијатива трговската размена меѓу 2-те држави е зголемена над 25% од нашата страна на 50% е зголемен извозот кон Србија. Исто така и од Србија е зголемен извозот кон Северна Македонија.

-” Бројот на туристи кои во текот на изминатите 2 години доаѓаа во нашата држава е за 500% поголем од пред воспоставувањето на иницијативата Отворен Балкан. Она што следува е воспоставување на софтверското решение за непречена размена на работници, да може секој да дојде да се регистрира преку единствен софтвер и во Србија и во Северна Македонија и во Албанија без административни процедури кои денес траат по 3 месеци. Ако погледнеме тука само на неколку километри веќе се проширени и лентите за побрзо поминување на границите, а министрите за внатрешни работи веќе работат на единствено софтверско решение кое ќе овозможи само една контрола на границата меѓу Србија и Северна Македонија, со што ќе биде уште повеќе забрзано поминувањето на границата”, рече Ковачевски. .

Тој посочи дека тоа е она што граѓаните го сакаат, тоа е она што ние го правиме, без разлика што денес е топло и над 35 степени, сите сме тука за да може да означиме почеток на нешто што навистина ја забрзува комуникацијата меѓу двете држави.

-” Ние ќе работиме уште повеќе на зголемувањето на размената. Македонците сакаат српски производи, Србите сакаат македонски производи и за таа цел мештовитата трговска комисија ќе работи на што поголемо зближување и на компаниите, отворање на 2-та пазари и тргање на сите безцарински бариери кои во моментов ги има, а кои во текот на минатата година ги намаливме, потенцира премиерот Ковачевски.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ковачевскимакеоднциотворен балканпатаринасрбија
Претходен напис Македонците најмногу сакаат пилешко месо, секој жител јаде по 20 килограми годишно
Следен напис Николовски: За дечињата во градинките од утре – јаболка, кајсија, праска, слива и крушка од реколта 2023
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?