Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ковачевски-Лајен: Европската поддршка овозможува економски раст, Северна Македонија станува уште попривлечна за инвеститорите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ковачевски-Лајен: Европската поддршка овозможува економски раст, Северна Македонија станува уште попривлечна за инвеститорите
Агровести

Ковачевски-Лајен: Европската поддршка овозможува економски раст, Северна Македонија станува уште попривлечна за инвеститорите

Последна измена: 30/10/2023 13:26
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска заедно со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во рамките на нејзината официјална посета на Северна Македонија, ја посетија компанијата „Џанвики ДОО“, која е специјализирана за преработка на зеленчук и овошје..

Овој индустриски капацитет е поддржан со претпристапна помош на ЕУ за рурален развој, ИПАРД 2, преку поддршка за изградба на објект за потребите на компанијата, како и соодветна опрема за процесот на производство.

Со износот од околу 2,3 милиони евра обезбедени преку ЕУ фондовите, ова е најголемиот ИПАРД проект во Северна Македонија. Се работи за семеен бизнис, каде главно се вработени жени, и која компанија успешно ги искористила ИПАРД средствата за проширување и модернизирање на своето производство.

За време на посетата, премиерот Ковачевски истакна дека нашата држава денес е лидер во искористеност на ИПАРД средствата, со 98% искористеност што е најголемо достигнување досега, што е резултат на посветеноста на Владата во обезбедување на неопходната поддршка на полето на руралниот развој и земјоделството.

Со помош на ЕУ, во рамките на ИПАРД 2 програмата, како што истакна премиерот Ковачевски, се склучени над 2.300 договори што резултираше со 60% зголемени нови, неповратни 97 милиони евра за модернизација на македонското земјоделство преку ИПАРД 3 програмата.

За време на посетата на компанијата беа претставени можностите и со ИПАРД 3 програмата, а Северна Македонија е прва земја во регионот која ќе ја имплементира оваа програма. Со програмата, ќе се понудат повеќе области за поддршка, но и авансна исплата за предложените бизнис идеи.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен ги потенцираше огромните можности за нашата земја преку ИПАРД програмата, како и преку предложениот План за раст со кој вратите на ЕУ за регионот се отворени.

Според претседателката на Европската комисија, Лајен, ЕУ е посветена на што побрза интеграција и на земјата и на регионот, на коишто преку поддршката од ЕУ и фондовите им се овозможува забрзан економски раст и можности за позитивна трансформација на сите полиња во државите од Западен Балкан. Со тоа, како што беше истакнато, Северна Македонија ќе стане уште попривлечна за странските инвеститори, а ќе се создадат услови и за уште поголем раст на македонската економија, како и поголеми можности за бизнисите, повеќе инвестиции, повеќе и подобро платени работни места, подобар животен стандард и зголемена финансиска поддршка преку развојните фондови на ЕУ.

Може да ви се допадне

Наскоро субвенции и за производителите на пченица и јачмен, најави директорот на Платежната агенција
Царинска управа: На Богородица и Меѓународен аеродром Скопје спречени обиди за шверц на цигари и тутун, над пет илјади алатки за тетовирање
Во првиот квартал за 4,8 проценти намален прометот од продажба на услуги, зголемување во одделот Туристички агенции и туроператори
ЕК и изрече на Грција казна од речиси 400 милиони евра поради злоупотреби со земјоделските субвенции
Состојба на патиштата
Таг:економски растинвеститоритековачевскиЛајенСеверна Македонија
Претходен напис Во ЕУ во 2022 година произведени 6,1 милион тони тестенини, само Италија произвела 4,2 милиони тони
Следен напис Поевинуваат Еуросупер-98, Еуродизелот и Екстра лесното масло за домаќинство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?