Во САД се користат големи количини антибиотици на живинарските фармите и тоа дури 25 мг/кг за пилиња 426мг/кг за мисирки, што е многу над нивото пропишано во Евроската унија. Истата ситуација е и со хлорираното пилешко месо, а употребата на тоа средство за миење на пилињата во ЕУ и понатаму е забрането.

После Брегзит, Велика Британија бара начин за склопување трговски договори со земјите надвор од ЕУ. Планираат значајно намалување на царините за увоз на месо во земјите со кои сеуште немаат договор за слободна трговија на земјоделски производи, како на пример САД. Меѓуота, САД бараат од Британците да ги прифатат нивните прехранбени стандарди кои не се ни приближно како европските.
Во САД антибиотиците и понатаму премногу се користат и покрај се посилните предупредувања за нивната опасност за човечкото здравје. „СБританските потрошувачи треба да бидат загрижени ако со трговска спогодба се зголеми увозот на американско месо и млечни производи, бидејќи бактериите отпорни на антибиотици би можеле да ги заразат луѓето“, изјавил Колин Нулан, портпарол “Save our Antibiotics”.

Се предупредува дека САД ќе сака да постигне договор врз основа на минималните стандарди кои ги применува, но ако британската влада го прифати ова, тоа би ги уназадило домашните фармери кои до сега тежнееја за намалување на лековите. Производителите во оваа земја би морале да се натпреваруваат со многу поевтино месо и мелчни производи кои се произведуваат во многу поинтензивни услови и со поголема употреба на антибиотици.
Од 28 јануари 2022 година во ЕУ ќе биде целосно забранета употреба на тие видови на лекови на фармите, вклучувајќи ги и сите превентивни третман и за групи животни. САД силно го нападнаа новото законодавство на ЕУ, велејќи дека тоа е само изговор за создавање препреки во трговијата. Да потсетиме, САД на почетокот на годината ја повика ЕУ повоторно да ја разгледа забраната за увоз на т.н хлорирано пилешко месо и говедско третирано со хормони. Барањето следуваше откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека на европските компании ќе им наметне астрономски цени, особено на автомобилите, храната и виното, ако ЕУ не ги продолжи трговските преговори со Америка кои закочија на земјоделството.

Британската влада вели дека ќе се придржува на повеќето мерки во врска со користењето на земјоделски антибиотици, но сеуште не даде изјава со која би забранила превентивно групно лекување.
Извор: Agroklub
