Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Консолидацијата на земјиштето еден од приоритетите на македонската аграрна политика
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Консолидацијата на земјиштето еден од приоритетите на македонската аграрна политика
Агровести

Консолидацијата на земјиштето еден од приоритетите на македонската аграрна политика

Објавено 02/11/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Северна Македонија во контиунитет добива поддршка од ЕУ и ФАО за консолидација на земјоделското земјиште. Процесот на целосна консолидација е поставен како крајна цел според Националната стратегија за земјоделство и рурален развој 2021 – 2027 година. ЕУ и ФАО го поддржуваат спроведувањето на националната политика за консолидација, планираното преуредување на фрагментирани парцели и на нивното сопствеништво.

Заедничката помош, главно предводена од ЕУ, вклучува две проектни фази: воведување на Националната програма за консолидација на земјиште (MAINLAND) и зајакнување на консолидацијата на земјиштето.

Утре, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, евроамбасадорот Дејвид Гир и Набил Ганги, де факто шеф на ФАО во Северна Македонија, ќе ја претстават помошта обезбедена од ЕУ и Обединетите нации за консолидација на земјиштето.

-Структурата на земјоделско земјиште од 4 700 хектари ќе се подобри со намалување на фрагментацијата и овозможување зголемување на фармите. Придобивките се повеќекратни за околу 6 300 сопственици на земјиште и земјоделци и вклучуваат подобрена рурална инфраструктура, зајакната економска стабилност поради зголемените приходи на земјоделските стопанства и подобра конкурентност на земјоделскиот сектор. Ова ги прави одржливи и земјоделството и животната средина, наведуваат од Канцеларијата на Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Во однос на двете проектни фази, Канцеларијата прецизира дека првата е воведување на MAINLAND во вредност од 2,86 милиони евра (од кои 0,36 милиони евра придонес од ФАО) за проценка на изводливоста на консолидација на земјиштето во 14 рурални средини во периодот март 2017 – ноември 2022 година. Притоа, од нив, девет дополнително ги надградиле плановите за прераспределба на земјиштето или за подобрување на земјоделската инфраструктура: Конче (Општина Конче), Егри, Логоварди, Оптичари, Трн (Општина Битола), Дабјани (Општина Долнени), Кожле (Општина Петровец), Соколарци и Спанчево (Општина Чешиново-Облешево). Втората фаза е зајакнување на консолидацијата на земјиштето во Северна Македонија вредна 1,2 милиона евра (од кои 0,2 милиона евра придонес на ФАО) за целосна консолидација на земјиштето на Дабјани (Општина Долнени) и Чифлик (Општина Чешиново-Облешево) во текот на периодот август 2022 – јануари 2026 година.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:аграрна политикаконсолидација на земјиште
Претходен напис Владата донесе одлука за замрзнување на цените на огревното дрво и пелетите
Следен напис Како да се подготви компост од паднатите лисја?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?