Конференција „Бизнис Арена 2026“ ќе се одржи денеска во Скопје, којашто ќе биде посветена на градењето силни македонски брендови, развојот на компаниите и нивниот настап на меѓународните пазари.
Како што соопштија организаторите, говорници на настанот ќе бидат министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, Горан Поповски од Dometic, Хенрик Исаксон од Confederation of Swedish Enterprise, Ема Гарет од SCC Arbitration Institute и норвешката амбасадорка Кристин Мелсом, како и претставници на домашни компании.
-Преку предавања и панел-дискусии, домашни бизнис-лидери и меѓународни експерти ќе разговараат за тоа како локалниот идентитет се претвора во глобална конкурентска предност, каква улога имаат лидерството и компаниските вредности во растот и како институциите и приватниот сектор можат да го поттикнат развојот на македонските брендови – најавуваат организаторите.
Организатор на конференцијата е Унијата на млади претприемачи на Македонија „Phoenix Rising“ (Феникс Рајзинг), а поддржувач и коорганизатор е Шведско-македонската стопанска комора.
МИА
