Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Комората на трговци бара итна средба со Владата, предупредува дека ограничувањето на маржите ќе предизвика затворање на маркетите и отпуштање вработени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Комората на трговци бара итна средба со Владата, предупредува дека ограничувањето на маржите ќе предизвика затворање на маркетите и отпуштање вработени
Агровести

Комората на трговци бара итна средба со Владата, предупредува дека ограничувањето на маржите ќе предизвика затворање на маркетите и отпуштање вработени

Објавено 13/02/2025
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Стопанската комора на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалаци и тутун бара итна средба со Владата во врска со одлуката за ограничување на маржите. Како што соопшти Комората, одлуката која предвидува 10-процентно ограничување на маржите ќе го доведе во прашање опстанокот на трговците и тие ќе бидат принудени да ги отпуштаат вработените, но и да ги затвораат маркетите. 

Штетите, според Комората, ќе бидат големи, бидејќи во прашање се доведува опстојувањето на 86 трговски фирми со 790 продавници и 4 700 вработени.

-Во целост ја оспоруваме одлуката за ограничување на маржите на 10 проеценти. Со ваква маржа нема да можеме да опстоиме. Ќе мора да донесуваме рестриктивни одлуки за отпуштање на нашите вработени, за реструктурирање на работењето и за затворање на маркетите. Затоа, бараме итно да се најде заедничко решение. Посочуваме да се земат предвид анализите кои покажаа дека маркетите не се одговорни за зголемувањето на цените, туку ценовната политика ја водат доставувачите и производителите. Потенцираме дека никогаш не ги зголемуваме цените самостојно, туку промената се случува поради промените на цените на производителите или доставувачите и токму поради ова маркетите се под постојан притисок да се прифатат новите ценовници. Ако тоа не се направи, не се испорачуваат производите. Од ова произлегува притисокот врз маркетите и од потрошувачите или за цените или за недостигот на производи. Само во јануари до маркетите се пристигнати ценовници од над 40 доставувачи и производители во 92 категории и поткатегории производи. Профитната маржа кај маркетите од година во година опаѓа, а кај нив се зголемува, наведува Комората.

Комората укажува и дека досега, во формирањето на цените, не се мешала ниту една Влада.

-Имаме пазарна економија и цените се формираат во зависност од понудата и побарувачката, ако има зголемена понуда, цените сами се намалуваат, без да интервенира Владата, а за да се зголеми понудата, треба да се зголеми производството. Бараме да се најде разумно решение, да се создаде хармонија помеѓу сите чинители, со цел да функционира целиот систем и да работиме успешно сите, како вистински деловни партнери. Како сериозни и посветени стопанственици, со долгогодишно постоење и работење во секторот трговија, не сакаме да преземаме радикални мерки, протести, блокади,…затоа бараме итна средба со Владата, за да ги образложиме состојбите. Бараме да се детектираат причинителите на состојбите и да се бара одговорност од нив, а не да се префрла вината на трговците. Веруваме, ќе се разбере за сериозноста на состојбата и ќе ја оствариме средбата во најбрзо време, бидејќи популистички мерки не носат решавање на проблемите на долг рок, подвлекува Комората во соопштението.

Нагласува и дека опстојувањето на трговците е оптоварено со други давачки, како цената на електричната енергија.

-Цената на струјата во јануари 2024 – јануари 2025 е зголемена за 72%, за дистрибуција 25%.Платите во 2024 споредено со 2023 година се зголемени околу 20%, а од март ќе има ново покачување, а трошоците за платите се движат од 12 до 15%.Освен овие, да ги спомнеме и другите комунални давачки, сервисирање на опремата со која работиме. Сите овие оптоварувања, немаме можност да ги издржиме со бруто-маржа од 10%, односно нема да можеме робата да ја ставиме на рафт, а не да ги услужуваме нашите потрошувачи. Со 10% бруто-маржа не можеме да ги покриеме оперативните трошоци, кои се движат од 15-20%. Ако се погледнат бројките, се гледа и вистината, дека супермаркетите не се причината за зголемените цени. Додека трговците работат со минимални профити, доставувачите продолжуваат да остваруваат значителни маржи, без да ги намалат цените. Во таа смисла. согледувајќи ја состојбата, бараме да се пристапи кон изнаоѓање на причинителите на состојбите и да се бара одговорност од нив, а не да се префрла вината на трговците. Проблемот треба да се реши трајно, да се направи контрола за заработката и маржата од производителите и увозниците и на крај трговците, истакнува Комората.

Стопанската комора на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалаци и тутун е основана на 10 февруари 2025 година.

Владата денеска на седница треба да ја донесе одлуката за 10-процентно ограничување на маржата во трговијата на големо и мало, која, според најавите, се очекува да опфати над 100 групи производи.

МИА

Може да ви се допадне

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
Таг:ВладатазатворањеКомората на трговцимаржитемаркетите
Претходен напис Хрватска ќе уништи пратка со сок од јаболко од Србија поради присуство на токсини
Следен напис За викендот облачно со краткотраен дожд, од понеделник постудено со дожд и снег
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?