Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Комисијата за надворешна политика го усвои Предлог-законот за ратификација на Договорот со Обединетото Кралство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Комисијата за надворешна политика го усвои Предлог-законот за ратификација на Договорот со Обединетото Кралство
Агровести

Комисијата за надворешна политика го усвои Предлог-законот за ратификација на Договорот со Обединетото Кралство

Објавено 28/05/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Предлог законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни проекти доби зелено светло од собраниската Комисија за надворешна политика по што денеска се очекува да се најде на дневен ред на 52. пленарна седница. Предлог-законот беше поддржан со 10 гласа „за“ и ниту еден глас „против“.

Според пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, ваквиот договор ќе овозможи економски развој на државата затоа што на располагање се ставаат пет милијарди фунти што е голема инјекција за економијата, а спроведувањето ќе биде контролирано. 

– Имаме можност да допреме до пет милијарди фунти што е голем придонес во однос на состојбата што ја затекнавме. Не треба да бидеме скептични, Ова ќе придонесе за економскиот развој на државата. Ова е многу голема инекција и ветува развој. Има многу можности и ќе има контрола, што секако е добро. Убедена сум дека македонската страна ќе направи се, оваа британска поддршка да се реализира и ќе се следи работата. Ова не се приватни зделки и лични интереси, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска. 

Забелешката на опозицијата е дека не се работи за договор, туку за меморандум за соработка во кој се изразуваат намери на соработка. 

– Содржината е коректна од аспект на меморандум, но формата меморандум да се прикаже како договор прави преседан во одлуките што ги носи Собранието и во иднина може да предизвика вакви меморадуми да бидат претставувани како договори, рече Димитар Ковачевски од СДСМ.  

Целта на Договорот, што ќе биде во сила 10 години, е да воспостави партнерство за поддршка на реализација на инфратсруктурни проекти во транспортот, здравството, енергетиката и други критични сектори во земјава. Договорот беше потпишан на 22 мај во Лондон, а претходно помина на владина седница на 20 мај. Потпишувањето на документот следуваше по постигнатиот договор за стратешко партнество со Обединетото кралство меѓу премиерот Христијан Мицкоски и неговиот британски колега Кир Стамер Мицкоски  што беше објавен на средба во Тирана на 18 мај, одржана во рамки на Самитот на Европската политичка заедница.

Од Владата најавија дека договорот ќе биде јавно достапен и дека се ќе биде транспарентно.

МИА

Може да ви се допадне

Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Таг:законотКомисијатанадворешна политикаОбединетото Кралстворатификација
Претходен напис МФ: Владата ги усвои измените и дополнувањата на Законот за царинска тарифа – се намалуваат царините на 70-тина производи
Следен напис До недела променливо време со повремен дожд и ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?