Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Комерсант“: Пекарските компании во Русија најавуваат поскапување на лебот од август
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Комерсант“: Пекарските компании во Русија најавуваат поскапување на лебот од август
Агровести

„Комерсант“: Пекарските компании во Русија најавуваат поскапување на лебот од август

Објавено 19/07/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Групацијата на руски пекарски компании ги информирала малопродажните синџири низ земјата дека од август ќе ги зголемат цените на лебот за седум до 12 проценти поради повисоките трошоци за производство и ограничениот ефект од државната помош, јави денеска весникот „Комерсант“.

Русија е еден од најголемите извозници на пченица во светот, а во втората половина на 2020 година го ограничи извозот на жито и воведе контрола над растот на цените на сончогледовото масло и шеќер со цел да се запре силниот раст на цените на храната.

Двата прехранбени производи не поскапеа за потрошувачите, но поскапеа за производителите на леб, изјавија извори од секторот за „Комерсант“, додавајќи дека поскапеле и маргаринот, амбалажата и транспортот.

Руското Министерство за земјоделство денеска соопшти дека не гледа причина за значително зголемување на цената на лебот бидејќи пченицата во Русија гдинава поевтинила за 7,2 проценти.

Од почетокот на годината цените на пченичниот леб се зголемени за 4,6 проценти, додаваат од министерството. Оттаму посочуваат дека производителите на леб добиваат државни субвенции од две рубљи или 2,7 центи за килограм за да не ги зголемуваат цените во 2021 година.

Пекарски компании, пак, за „Комерсант“ тврдат дека субвенциите покриваат само дел од нивните растечки трошоци, додавајќи дека некои од нив повеќе нема да ги бараат. 

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:августлебРусија
Претходен напис Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува
Следен напис Бектеши: Со измените на Законот за финансиска поддршка на инвестициите подобри услови за инвестирање за над 200 компании
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?