Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Комарците се почесто ги напаѓаат луѓето – научниците откриваат зошто
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Комарците се почесто ги напаѓаат луѓето – научниците откриваат зошто
Магазин

Комарците се почесто ги напаѓаат луѓето – научниците откриваат зошто

Објавено 16/01/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Некои видови комарци сè повеќе се хранат со човечка крв, а научниците велат дека за тоа најверојатно сме самите одговорни. Ново истражување спроведено во Бразил покажува дека со намалувањето на биоразноликоста расте веројатноста комарците да ги изберат луѓето за оброк. Како што човечката активност ги потиснува другите животни од одредени региони, комарците имаат сè помалку алтернативи за хранење“, пишува Сајанс Аларт (Science Alert).

Истражувачи од Федералниот универзитет во Рио де Жанеиро и Институтот „Освалдо Круз“ поставиле светлосни стапици во два природни резервати во Атлантската шума, од каде што собрале 52 видови комарци. Со земен примерок од над 1.700 единки, истражувачите ги издвоиле женките кои се хранеле со крв. Кај 24 од нив биле пронајдени препознатливи ДНК траги. Анализата покажала дека во 18 примероци се идентификувала човечка ДНК. Следната најчеста група биле птиците – крв од шест различни видови, а по еден примерок содржел крв од водоземци, глодари и кучиња.

Според биологот Жеронимо Аленкар од Институтот Освалдо Круз видовите комарци што ги уловиле во Атлантската шума се доказ дека се хранеле со човечка крв. Научниците наведуваат дека уште една од главните причини е зголеменото присуство на луѓе поради дефорестацијата.

-Со помалку природни опции за хранење, комарците се принудени да бараат нови извори на крв. Поради тоа, се повеќе се хранат со луѓе, кои се најраспространети домаќини во овие области, објаснува микробиологот Сержо Машадо од Федералниот универзитет во Рио де Жанеиро.

Според нив е потребна подетална анализа, вклучувајќи подобри методи за фаќање комарци. Светлосните стапици почесто привлекуваат гладни комарци, додека оние што неодамна се хранеле потешко се фаќаат, бидејќи претпочитаат да одмараат. Подобро разбирање на навиките на комарците може да помогне во развој на стратегии за превенција од болести. Истражувањето е објавено во списанието  Фронтиерс ин Еколоџи енд Еволушн (Frontiers in Ecology and Evolution).

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:комарцителуѓето
Претходен напис Гастроентеролозите предупредуваат: Сувомесните производи се најлоши за цревата
Следен напис Најстудено и утрово во Берово, 24 сантиметри снег на Попова Шапка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?