Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Колибрите пијат голема количина алкохолен нектар, но се чини, не се опиваат
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Колибрите пијат голема количина алкохолен нектар, но се чини, не се опиваат
Магазин

Колибрите пијат голема количина алкохолен нектар, но се чини, не се опиваат

Објавено 30/03/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Луѓето понекогаш се прашуваат: Дали животните се опиваат како нас? Шимпанзата, се чини – да. А, и пчелите и мувите, исто така, се опиваат на пр. од извори на храна богати со етанол. И, сега, најпосле, благодарение на нови истражувања објавени во британското Кралско друштво „Отворена наука“ (Royal Society Open Science), може да ги додадеме и колибрите во списокот на „пијаниците“ во животинското царство.

Колибрите пијат алкохолен нектар. Научниците што ја проучуваат консумацијата на нектар откриле дека некои цвеќиња природно содржат мали количини на етанол поради ферментација. Изложеноста на алкохол е рутински дел од исхраната на некои животни. Така, во контролирани експерименти, видот наречен колибрите на Ана (Calypte anna) покажаа јасна склоност кон нектар со многу ниска содржина на алкохол, околу еден отсто или помалку, а нивниот интерес се намалува со зголемувањето на содржината на алкохол. Тоа не е доволно за да ги опие. Значи, тие се „умерени пијачи“, пишува „Вајс“ (Vice).

Истражувачите потврдија дека колибрите пијат алкохол, по анализа на нивните пердуви, откривајќи нуспроизвод од метаболизмот, со етанол и етил-глукуронид. Ова значи дека телата на колибрите го обработуваат алкохолот на сличен начин како нашето, но со голема разлика во количината и намената.

Имено, на колибрите им е потребен алкохол за да преживеат, бидејќи речиси постојано ги согоруваат своите калориски резерви само за да останат живи.

Колибрите секој ден пијат алкохолен нектар – вообичаено, колку што самите се тешки, а понекогаш дури и значително повеќе. Ова значи дека траги од етанол можат да се наталожат во нив. Но, проценките говорат дека нивниот дневeн внес на алкохол е приближно еднаквосоодветен на она што човек го внесува пиејќи мало пиво на ден. Сè уште е нејасно е дали овие ниски нивоа на алкохол имаат некаков ефект врз однесувањето или биологијата на колибрито. Истражувачите се сомневаат дека може да има и недостатоци, и придобивки, но ќе бидат потребни многу повеќе истражувања за да се утврди тоа точно.  

МИА

Може да ви се допадне

Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Кох од гриз
Таг:алкохолен нектарКолибритеколичинаопиваат
Претходен напис Стабилна макроекономска состојба и потреба од внимателно следење на светските ризици, оцени Советот на Народната банка
Следен напис Хоџа од Струга: Инвестирањето во земјоделците е инвестирање во иднината
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?