Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кој во Европа произведува најмногу млеко, кој има најголем раст?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Кој во Европа произведува најмногу млеко, кој има најголем раст?
Агровести

Кој во Европа произведува најмногу млеко, кој има најголем раст?

Објавено 08/02/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Откако во 2015 година беа укинати квотите за млеко во Европската Унија и беше либерализиран пазарот, ова производство значително се зголеми во некои земји, покажуваат податоците на Евростат, статистичката служба на ЕУ.

Кога ќе го погледнеме вкупното производство од 2015 година, ќе забележиме зголемување на количината. За 27-те земји членки во 2020 година, испораката на кравјо млеко е околу 144,6 милиони тони, што е за 5,8 отсто повеќе од 2015 година. Просечната стапка на раст е нешто повеќе од 1 процент годишно.

Ирска има најголем раст

Најголеми производители сѐ уште се Германија, Франција, Холандија и Италија.

Но, со прегледување на статистиката може да се види кои земји напредувале и ги зголемиле количините, а во кои е намалено. Треба да се напомене дека податоците вклучуваат млеко собрано од фарми од страна на овластени млекарници.

Така, Италија постигнала значителен пораст, над просекот на ЕУ од 11,8 отсто, со 11,89 милиони тони годишни испораки.

Интересно е да се забележи дека ова производство во Полска растело побрзо отколку во ЕУ и трипати побрзо од просекот. Речиси 12,5 милиони тони кравјо млеко биле испорачани во 2020 година, што е за 14,6 отсто повеќе од 2015 година.

Ирските сточари исто така оствариле пораст од околу 6,5 милиони тони во однос на 2015 година со над 8,5 милиони, што е речиси една третина. Во апсолутна смисла, тоа значи најголем пораст од 1,95 милиони тони.

Унгарија и Австрија имаа речиси иста количина на производство за секоја набљудувана година.

Каква е ситуацијата во Македонија?

Износот евидентиран во Македонија благо опаѓа. Производството во Хрватска исто така опаѓа. Во Словенија количината е речиси непроменета.

Податоците за Србија покажуваат раст.

Црна Гора не доставила податоци за 2020 година, а оние за Босна и Херцеговина не биле доставени во наведениот период

Извор: agroklub.com

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:европамакедонијамлеко
Претходен напис Подготовки за рана сеидба на зеленчук на отворено – од кромид, моркови, магдонос, грашок, спанаќ, блитва, ротквица
Следен напис Водостојот на Охридското Езеро зголемен за два сантиметри
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?