Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кој е Беким Сали, новиот министер за европски прашања
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Кој е Беким Сали, новиот министер за европски прашања
Агровести

Кој е Беким Сали, новиот министер за европски прашања

Објавено 25/12/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Беким Сали од владејачката коалиција “Вреди“ е новиот министер за европски прашања.

Тој доаѓа на местото на кадарот од истата коалиција, Орхан Муртезани, кој беше разрешен.

Во македонското Собрание за нов министер вчера беше избран и Мухамет Хоџа, од истата коалиција. Тој е новиот министер за животна средина и просторно планирање.

Изборот на нови министри следи откако поранешниот прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, стана градоначалник на Општина Чаир.

Кој е Сали

Завршил средно медицинско училиште во Скопје, а дипломирал на Стоматолошкиот факултет во Скопје.

Тој е доктор по стоматологија и управител на приватна стоматолошка ординација.

Член е на Стоматолошката комора, на Здружението на албански стоматолози и на Здружението на албански имплантолози.

Покрај албански јазик, зборува и македонски, англиски и турски јазик.

Политичка кариера

Од 2009 до 2010 година ја извршувал функцијата шеф на Кабинетот на министерот за здравство и претседател на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување.

На локалните избори во 2021 година, Сали беше кандидат за градоначаник на Општина Чаир од редовите на Алтернатива.

Во периодот од јануари 2022 година до февруари 2023 година тој беше министер за здравство.

Во мај лани откако Африм Гаши се повлече од лидерската позиција тој стана лидер на Алтернатива. Претходно беше потпретседател на партијата.

Извор – Журнал

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:алтернативаБеким Салиминистер за европски прашања
Претходен напис Нова веб-апликација на Народната банка за полесно споредување на банкарските кредити и депозити
Следен напис (ВИДЕО) Извозот, образованието и регионалната соработка приоритети во работењето на Стопанската комора
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?