Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кои се тoп 10 земји од ЕУ каде се практикува органско производство? Ќе се изненадите кога ќе видите која земја користи дури 27% од вкупните земјоделски површини за оваа намена
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Кои се тoп 10 земји од ЕУ каде се практикува органско производство? Ќе се изненадите кога ќе видите која земја користи дури 27% од вкупните земјоделски површини за оваа намена
Агровести

Кои се тoп 10 земји од ЕУ каде се практикува органско производство? Ќе се изненадите кога ќе видите која земја користи дури 27% од вкупните земјоделски површини за оваа намена

Објавено 23/08/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Површините за одгледување на органски производи во Европската Унија продолжува да се зголемува. Според последните податоци на Евростат, во 2022 година на 16,9 милиони хектари земјоделско земјиште или 10,5 отсто се користело органско производство.

Многу важнo e што се зголемува и сточарството како гранка, бидејќи и овде има раст на бројот на добитокот што се одгледува на органски – еколошки начин. Така, во ЕУ во 2022 година на овој начин се одгледувани 5,4 милиони говеда (7,2% од вкупниот број), 1,0 милиони крави (4,9%) и 6,1 милиони овци (10,4%).

Раст во речиси сите земји на ЕУ

Помеѓу 2012 и 2022 година, вкупната површина за органско производство се зголемила во речиси секоја земја-членка на ЕУ.

Во овој период во Хрватска има зголемување за четири пати, што е највисока стапка на пораст во ЕУ. Голем раст е забележан и во Португалија (+278%), Бугарија (+182%), Франција (+179%), Унгарија (+145%), Романија (+123%) и Италија (+101%).

Кога станува збор за површината на земјиште што се користи за органско производство, Франција има најмногу, 2,9 милиони хектари (17,0% од вкупната површина на ЕУ). Франција, заедно со Шпанија (2,7 милиони хектари), Италија (2,3 милиони хектари) и Германија (1,6 милиони хектари) го сочинуваат мнозинството (56%) од вкупните површини на ЕУ во 2022 година.

Една од главните цели на стратегијата на Европската комисија од фарма до маса е дека до 2030 година најмалку 25% од земјоделското земјиште во ЕУ ќе биде под органско производство.

Кои се надобрите 10 земји?

Десетте земји на Европската унија со највисока застапеност на органско производство според учеството на земјоделското земјиште под органско земјоделство се:

Првите десет еко земји од ЕУ:

Австрија – 27%
Естонија – 23%
Шведска – 20%
Португалија – 19%
Италија – 18%
Грција – 17%
Чешка – 16%
Латвија -16%
Финска – 15%
Словачка – 14%
Данска (околу 12%), Словенија и Шпанија (по околу 11%) и Франција (околу 10%) исто така имаат повеќе од 10 проценти.

Спротивно на нив, со помалку од 5 % удел на органско земјоделство во 2022 година се пет земји на ЕУ, а најмалку се практикува во Ирска (2%), Бугарија (2%) и Малта (под 1%).

agroclub.com

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:10 земјиЕУземјоделствоорганско производство
Претходен напис Објавени два јавни повика за финансиска поддршка за зголемување на конкурентноста кај преработувачката индустрија и за опремување на лабаратории
Следен напис Од недела попладне нестабилно време со дожд, грмежи и ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?