Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кои растенија треба да се заштитат со агротекстил од ниски температури и мраз?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Кои растенија треба да се заштитат со агротекстил од ниски температури и мраз?
АгровестиСовети

Кои растенија треба да се заштитат со агротекстил од ниски температури и мраз?

Објавено 04/11/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Растителните видови кои ги одгледуваме на отворено или во пластеници се изложени на ниски температури, а за да може што подолго да ги користиме или да ги зачуваме во текот на зимата, потребна им е заштита.

За таа цел најчесто се користи агротекстил. Неговата предност е што е лесен материјал кој не ги оптоварува и оштетува растенијата, пропушта вода и светлина и овозможува циркулација на воздухот. Растенијата што ги покриваме продолжуваат да растат и да се развиваат.

Најчесто се заштитуваат грмушките рози, овошјето и четинарите, виновата лоза, украсните растенија. Од зеленчукот најчесто се покрива спанаќот, младиот кромид, празот и зелената салата, но и други култури како ротквици, рукола, магдонос и зелка.

Се изработуваат од полипропиленски влакна и имаат различни намени. Во зима најчесто се користи зимски бел агротекстил кој штити од мраз и студен ветер и не дозволува температурни флуктуации во зоната на покриените растенија.

Неговата дебелина е 50 г/м². Температурата под неа е за 5ºC повисока од околината. Почвата под агротекстилот преку ден се загрева побавно, но и ноќе побавно се лади. Температурните осцилации се помали, а растението има способност да се прилагодува на промените. Наводнување, доколку е потребно, може да се врши и преку покривката.

Поставувањето е едноставно и може да се направи со прекривање или замотување. Ниските растенија се прекриваат. Предноста е што со агротекстил можеме директно да ги прекриеме растенијата како зелената салата или спанаќот. Најважно е добро да се прицврстат рабовите со нагрнување на почвата, поставување наменски клинови, подебели гранки или некој друг материјал. Не смее премногу да се затегнува. Се поставува на височина што им овозможува на растенијата непречено да растат.

Постигнува одлични резултати во производството на зелка, зелена салата, рукола, спанаќ, но и грав, млад кромид, блитва и ендивија.

Кога се заштитуваат грмушките рози, четинари, лековити или украсни растенија, целата грмушка се завиткува, а потоа се врзува со јаже или врзивно средство за да се спречи продирање на ветрот.

Денес, на продажба може да се најдат специјални навлаки за грмушки, кои едноставно се навлекуваат преку грмушката.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:агротекстилзаштитатмразрастенија
Претходен напис Неделен лабораториски извештај: Водата во Скопје е безбедна за пиење
Следен напис (ВИДЕО) Како се прави путер од кикирики, берба и преработка на кикирики со модерна технологија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?