Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ – Аларм за земјоделците и Владата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ – Аларм за земјоделците и Владата
Агровести

КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ – Аларм за земјоделците и Владата

Објавено 25/07/2024
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ – Најважна тема која треба да се разговара во највисоките кругови, меѓу земјоделците, невладини организации и научната фела. Тоа што порано за земјоделците беше само модерен израз на нешто што е далеку од нив, последниве 2-3 години интензивно го разбраа неговото значење. Климатските промени им ги измрзнаа овошките, го исушија грозјето, го изгореа сончогледот, го намалија родот на пченицата и јачменот, а со тоа ја поскапеа и добиточната храна со што има негативно влијание и врз сточарството.

Состојбата е лоша но како да се нема доволно сила да се манифестира алармантната ситуација која бара решение. Тоа што го бараат земјоделците главно се пари за обештетување од штети од град, суша, прогласување елементарна непогода … бараат лек, наместо превенција.

На овие барања од земјоделците, МЗШВ и Владата реагираат согласно можностите и актуелната политика, некогаш издржана, друг пат популистичка, просто да се смири моментално незадоволство и проблем, до следната реколта која ќе биде уште повеќе намалена.

Според тоа што се случува на терен, нема време повеќе за вакви замачкувања или декларативна заложба. На климатските промени мора да се одговори веднаш, да се изнајдат решенија со кои земјоделците ќе го прилагодат своето производството според насоки дадени од релевантни инситуции затоа што ниту оптималните рокови за садење и сеење веќе важат, ниту сортите кои се произведуваа досега можат да дадат солиден принос.

Тоа што треба сега да се направи е брза и конкретна анализа по региони и да се препорача што да се сади, кои сорти одговараат на променетата клима и на каков начин да се одгледуваат. МЗШВ ги има сите статистички показатели кои култури каде и на колкави површини се одгледувале и со каков просечен принос. Имаме експерти по сите области кои знаат најдобро каква е состојбата и како да се делува. Владата да ја побара нивната помош. Ова за земјоделците ќе биде најдобрата поддршка што може да ја добијат од државата, затоа што за нив не е проблем работата и трудот што го вложуваат, проблем е дали ќе произведат доволно и квалитетно за да можат да заработат за фамилијата и да имаат пари за следна сезона.

Добро е тоа што кај нас има сериозни компании кои нудат нови квалитетни сорти и семиња издржливи на мраз, суша, потоа средства за прихрана и заштита исто така прилагодени на променетите услови за растенијата, како и најнова технологии за заштита од град, мраз, преголема инсолација. Неповратни средства за подигнување нови насади, квалитетни садници, инвестиции во системи за наводнување и друга инвестиција, покрај преку националната програма има и преку ИПАРД 3 и тие треба максимално да се искористат.

Најважно во спроведувањето на оваа стратегија е решавање на проблемот со НАВОДНУВАЊЕТО, преку мерки со кои земјоделците ќе добијат неповратни средства за копање на бунари и се’ што е потребно за да дојде вода до земјоделските површини.

Земјоделските здруженија да се организираат и од Владата да бараат сериозно да се зафати со решавање на овој проблем кој не ги тангира само земјоделците туку сите граѓани оти зборуваме за домашното производство на храна. Од Буџет над 5 милијарди евра верувам дека можат да се најдат неколку милиони евра за ваква значајна операција.

Ленче Николовска

Може да ви се допадне

СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Формиран совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора
Таг:владаекономијаклиматски променинаводнувањерастенијасубвенциисуша
Претходен напис Трипуновски: Продолжуваме со уште поголем интензитет и зголемена соработка со ЕУ во интерес на македонските земјоделци
Следен напис Мицкоски: Средствата од унгарскиот заем достапни за компаниите наесен, за општините наредната година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?