Тешка и критична е состојбата со пожарите околу Пехчево. Од утринските часови се води битка со огненета стихија која е на непристапен терен. Утрото изгоре и единственото противпожарно возило на пехчевската противпожарна единица, за среќа нема повредени. За состојбата на терен за ТВ 24 говори градоначалникот на Пехчево, Александар Китански.