Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кипар воведува CoronaPass задолжителен за угостителски објекти, молови, хотели, цркви
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Кипар воведува CoronaPass задолжителен за угостителски објекти, молови, хотели, цркви
Агровести

Кипар воведува CoronaPass задолжителен за угостителски објекти, молови, хотели, цркви

Објавено 07/05/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

За посета на угостителските објекти, црквите, кината и театрите, трговските центри и моловите, за фитнес центрите, училиштата за танц, за домовите за стари лица, хотелите и туристичките објекти, за казината и за време на конференциите, од понеделник, на Кипар е задолжителен CoronaPass, односно документ со кој граѓаните ќе покажат или негативен резултата од брз/ПЦР тест направен во последните 72 часа или вакцинација со најмалку една доза и поминати три седмици или потврда за прележан ковид-19 во последните шест месеци, јави дописничката на МИА од Атина.

Задолжителната употреба на CoronaPass не важи за фризерските и козметичките салони, за маркетите, аптеките, фурните, месарниците, плажите.

Во понеделник се укинува двонеделниот строг карантин што беше воведен на 26 април, а со тоа одново се отвораат економските и социјалните активности за граѓаните, но под правила и протоколи.

Министерот за здравство на Кипар Константинос Јоану истакна дека контролите, дали граѓаните ги имаат неопходните потврди, ќе ги врши само полицијата или надлежните органи, а не одговорните во бизнисите и просторите каде што е задолжителен CoronaPass и рече дека конкретните одлуки се однесуваат на местата каде што има гужви и истакна дека станува збор за привремена мерка во преодниот период.

Паралелно, објасни дека до 1 јуни ќе има постепено олабавување на мерките во неколку фази „за да се даде повеќе време за стабилизација на епидемиолошката слика, со паралелно забрзување на вакцинациите“ и истакна дека целта е до крајот на јуни над 60 отсто од населението да биде имунизирано со најмалку една доза.

Со укинувањето на карантинот, Кипар, од понеделник се враќа на секојдневието пред рестрикциите, односно повторно ќе се отворат летните тераси на угостителските објекти, дозволени се собири до најмногу десет лица, како во надворешните простори, така и во домовите, ќе се укине задолжителното испраќање смс-пораки за движење на граѓаните, а полицискиот час ќе биде од 23 часот.

Според официјалните податоци од Министерството за здравство на Кипар, заклучно со 4 мај биле спроведени 307.698 вакцинации, од кои 235.919 или 31,9 отсто ја примиле првата доза, а 71.779 (9,9 проценти) се целосно вакцинирани.

Од почетокот на пандемијата во земјата се регистрирани 68.442 случаи на ковид-19, а починаа вкупно 328 лица.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:кипар
Претходен напис Со 46,5 милиони долари од Светска банка ќе се реализираат проекти за енергетска ефикасност и за унапредување на образованието
Следен напис Првиот ден на Рамазан Бајрам неработен ден за сите граѓани
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?