Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кинезите ги сакаат српските свадби: веке 100 се резервирани за следната година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Кинезите ги сакаат српските свадби: веке 100 се резервирани за следната година
Магазин

Кинезите ги сакаат српските свадби: веке 100 се резервирани за следната година

Последна измена: 22/11/2019 12:39
Сподели
4 мин. за читање
Сподели

Се повеќе Кинези доаѓаат во Гостоoљубље, туристичко етно село во близина на Косјериќ Србија , за да стапат во брак на традиционален српски рурален начин. Во претходниот период имало многу свадби, а за следната година Кинезите резервирале околу 100 свадби.

Свадби без матичар , но со сите српски обичаи, e идејата на Жељко Средиќ од Гостољубље.

Неговата желба беше да се зачуваат обичаите на старата српска венчавка и  за таа цел тој се обрати кон сите здруженија во Косјериќ и туристички агенции. Тие со задоволство прифатија и традиционалната српска свадба стана туристичка понуда во агенциите кои работат за кинескиот пазар.

„Идејата е на  Кинезите да  им се претстават  српскаите свадби со сите обичаи, но и  тие да  учествуваат во тоа“, вели Жељко.”

Млад човек  има  25 години и веќе се оженил десет пати 

Кинези – туристи доаѓаат во групи од 16 до 32 лица. “Кога ќе дојдат кај нас, ние прво преговараме, поделуваме улоги и ги објаснуваме правилата. Невестата и младоженецот се избрани и ако немаат младоженец, тогаш имаме момци за тоа. Еден младич тоа го направи дури десет пати. Во наредниот период ќе има уште многу. Тие  млади мажи, наши „младоженци“ се претежно студенти “, вели Жељко.

Кинеска девојка која се пријавува за невестата оди со една група во куќата, а другата група оди во куќата на младоженецот. Невестата во костум или венчаница, што и да избере, ги облекува деверушите, две до три кинески девојки и две до три девојчиња наши. Свадбата е на околу половина километар од куќата на младоженецот, проследена со музика. Претежно се пеат  свадбарски песни со двајца хармоникаши. Всушност, жените од КУД пеат оригинални песни “, објаснува е Жељко.

Кинските невесtи често се срамат да го бакнат младоженецот

За да влезат во дворот на младите, најпрво треба да погодат едно  јаболко со пушката (наместо пушка, се користи петарда). Исто така, се почитуваат правилата за „купување“ на невестата. Потоа, невестата ја напушта куќата, се збогува со родителите, го бакнува младоженецот на образот.

“Овие кинески невести честопати се срамат да го бакнат младоженецот. После бакнежот, тие одат до чешмата, невестата се мие  и ја крши чашата. Младоженецот ја води невестата во неговата куќа. За тоа време, бајрактарите, доколку нивните деверуши ги украдат бајраците, мора да ги откупат од нив. Пред куќата на младоженецот невестата фрла сито и јаболко и влегува во куќата преку пушка и под  рака.На крајот се крши  пријателски колач, се служи ручек и се играат ора. Имаме овде два наши локални хармоникаши кои одлично свират, вели Жељко.

Секој обичај мора да се почитува, во спротивно ништо од свадбата.

Пилешко и чаеви наместо свадбарска  зелка и ракија

Ручекот е претежно направен од сарми, пилешко, салата, овошје, овошни сокови и  се пијат чаеви. Ова не е баш српско, но на гостите од Кина не им се допаѓа свадбената зелка, домашната торта или сирењето, на кои им служеа до неодамна, а ракијата им е многу силна.

 Жељко додаде дека на Кинезите повеќе им значи гестикулацијата значи повеќе, отколку текстот и зборовите, затоа што сето ова би било тешко да се преведе на нивниот јазик. Кинеските туристи плаќаат по 25 евра секој за такво задоволство од два до три часа.

Извор: https://www.agroklub.rs/

Може да ви се допадне

Камениот мост во село Зовиќ туристичка атракција во Мариово
Корисни совети за заштита од оси лете
Тежина, звук и дамка: Клуч за избор на совршена лубеница
Витаминот Д може да спречи 30.000 смртни случаи од рак годишно, покажуваат истражувања
Турција: Парична казна од 12.000 евра за кинење на загрозен вид цвеќе
Таг:кинези на српска свадбаКинези туристи во Србијасрпск свадба
Претходен напис Германија: Спцијализирани продавници и штандови со производи од екс-ЈУ
Следен напис СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР: Оној што засадува дрво, засадува надеж!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?