Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кинеска магнолија или „Плод со пет вкусови“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Кинеска магнолија или „Плод со пет вкусови“
Магазин

Кинеска магнолија или „Плод со пет вкусови“

Објавено 16/11/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ова необично растение, расте во тајгите на Далечниот исток. Таму уште се вика и „плод со пет вкусови“. Стеблото на оваа кинеска магнолија  достигнува висина од 15 метри и спирално се витка околу високите дрвја. При најмал притисок врз листот, кората или коренот на растението, тоа испушта мирис на лимон.

Оваа степска убавица во пролет се кити со мирисни, бели цветови а нејзините плодови во есен се црвени и сјајни како лампиони. На местата каде што нема други дрвја, кинеската магнолија се прилагодува на средината и расте во форма на грмушка. Името „ плод со пет вкусови“ сосема му одговара бидејќи: пулпата на плодот е кисела, кожичката е слатка, семките се со непријатен вкус кој пече, а целиот плод има соленкаст вкус. Неговите корисни  својства се воодушевувачки.

Во древните лекарски списи за кинеската магнолија се тврди дека „спречува одлевање на силата, а на очите им дава посебен сјај“. Степските ловци од  Далечниот исто отсекогаш користеле сушен плод од кинеска магнолија за да им даде сила при  целодневното гонење на животните. Наместо тешки торби со храна тие носеле само шака бобинки од кинеска магнолија, спакована  во кожна вреќичка. Тоа им давало сила и поттик да бидат во движење без престан и без земање на друга храна.

И денес кинеската магнолија се користи како средство за обнова на енергијата и средство за тонизирање. Во кинеската фармакологија плодот на ова растение  е ставено во  групата на лекови од прва категорија.

Лековити својства  на кинеската магнолија

Се дава против дизентерија, гонореја, бронхит, бронхијална астма, настинка и морски болести. Во комбинација со други средства овие боинки  успешно се применуваат кај импотенција.

Ловечката приказна дека кинеската магнолија го подобрува видот се покажала како сосема точна. Во Првата светска војна, пилотите добивале препарати од ова растение заради острината на видот во ноќните летови и брза адаптација на окото на темно.

Кинеската магнолија  ја стимулира активноста на централниот нервен систем, но притоа не ги исцрпува нервните клетки. Препаратите од оваа бобинка особено се препорачуваат на лицата кои работат тешки физички или интектуални активности, потоа на возачите и сите од кои се бара долга будност и концентрација.

Употребата на ова  омилено растение на истокот го преминува тесното медицинско подрачје. Тоа се користи и во прехрамбената индустрија, за производство на безалкохолни, освежителни пијалоци, кондиторски производи, сокови, џемови и мармелади.

Поради својата убавина, кинеската магнолија се одгледува и како декоративно растение. Искуствата со ова, едноставно растение, покажуваат дека тоа може да се одгледува и во Европа.

Извор: AgroSavjet

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:Далечен истоккинеска магнолијанеобично растениеплод со пет вкусови
Претходен напис Глобална недела на претприeмништво
Следен напис Стопанската комора со предлог-мерки за поуспешна туристичка сезона во 2021 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?