Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Керов: Апелирам до секој земјоделец дека ажурирањето ќе продолжи да се врши и наредната година, да не се стравува за субвенциите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Керов: Апелирам до секој земјоделец дека ажурирањето ќе продолжи да се врши и наредната година, да не се стравува за субвенциите
Агровести

Керов: Апелирам до секој земјоделец дека ажурирањето ќе продолжи да се врши и наредната година, да не се стравува за субвенциите

Објавено 19/11/2019
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

-Ги замолувам сите земјоделци без разлика дали имаат договор за закуп за државно земјиште или пак земјоделско стопанство им е семејно, да добиваат информации директно во подрачната единица Кавадарци на МЗШВ, во врска со ажурирањето кое ги извршуваме за секој поединечно – вели Митко Керов, раководител на ПЕ на МЗШВ во Кавадарци.

Неговиот апел се должи на дезинформациите кои се шират во врска со ажурирањето на податоците.

-Со цел да не се шират дезинформации, секој еден земјоделец ќе биде ажуриран, зависно од времето и работните обврски кои ги има подрачната единица. Апелирам до секој земјоделец дека ажурирањето ќе продолжи да се врши и наредната година, да не се стравува дека ќе ги изгубат нивните субвенции, или доколку не се изврши ажурирање на земјоделското стопанство нема да може да поднесе барање за наредната година – вели Керов.

Ги демантираме сите тие шпекулации, и затоа уште еднаш ги повикувам со цел да нема недоразбирања да се обратат во подрачната канцеларија во Кавадарци за било какви информации.

Во наредниот период ќе бидат известени сите земјоделци за дополнителната мерка 2 денара по килограм за предадено грозје во регистриран преработувачки капацитет, каде што ќе треба да донесат потврда од винарска визба најдоцна до 25.12.2019.

Кога ќе се започне пријавувањето на дополнителната мерка, веднаш се прекинува ажурирање на земјоделските стопанства, поради рокот на поднесување на мерката до 25.12.2019 година.

Од ПЕ Кавадарци информираат и за другите тековни активности во овој период

Започна поднесувањето на барање за дополнителни директни плаќања за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет 2019 год.

Дополнителната субвенција е за предадено јагнево регистриран кланичен капацитет и е во висина од 400 денари по грло.

Крајниот рок за поднесување на ова барање е 15 декември 2019 година.

Дополнително да ве известиме согласно измените на програмата за директни плаќања и уредбата рокот за поднесување на апликации на млеко е продолжен до 22 ноември 2019 година. Потребно е сите оние земјоделци кои не беа во можност да поднесат апликација до рокот којшто е овозможен.

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:ажурирањемеркапријавувањестопанствосубвенции
Претходен напис Продолжен рокот за пријавување субвенции за млеко до 22- ри ноември
Следен напис Maschio Gaspardo стана дел од семејството брендови на СИНПЕКС
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?