Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ќе се воведува данок за производство во домашни услови на кондиторски, пекарски производи, козметички услуги, шминкање…
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ќе се воведува данок за производство во домашни услови на кондиторски, пекарски производи, козметички услуги, шминкање…
Агровести

Ќе се воведува данок за производство во домашни услови на кондиторски, пекарски производи, козметички услуги, шминкање…

Објавено 30/07/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владата планира воведување на нов данок. Производството во домашни услови на кондиторски и пекарски производи, козметички услуги како шминкање, фенирање или изработка на нокти, изработка на накит, пуканки или шекерна волна и слични производи државата планира да ги стави во системот, односно за нив да се плаќа паушален данок.

Од Управата за јавни приходи за Телевизија 24 велат дека за нивно одданочување ќе се користат постоечките граници за пресметка на паушален данок.

„Нето основицата за пред оданочување за 2024 година се добива како разлика на годишната бруто просечна плата која е пресметана врз основа на просечните бруто плати објавени од Државниот завод за статистика во месеците од јануари до декември 2023 година. Максималната основица се две годишни бруто просечни плати, а минимална основица е усогласена со обврската за минимална плата согласно Законот за минимална плата.“ – велат од УЈП.

Од УЈП информираат дека висината на паушалот зависи од дејноста, просечно исплатена плата во дејноста според државниот завод за статистика, видот на производот, цената на производот, локацијата каде се врши дејноста.

Дополнително, дали паушалистот вработува до едно лице, возраста на лицето и слично. А во исто време кога државата планира да ги одданочува микро дејностите, крои планови како да им ги намали давачките на компаниите, и тоа по основ на данок на добивка. Премиерот Мицкоски пред бизнисмените соопшти дека се прават анализи, но пред се сака да го види приходот во буџетот по основ на даноци.

Планот е, наместо данок од десет проценти големите компании да плаќаат само пет отсто.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:даноципаушален данокујпуслуги
Претходен напис Земја од соседството забрани движење на овци и кози поради „козја чума“
Следен напис (ВИДЕО) 20 годишната студентка Адна Памиќ, прави бурек под вршник ЗАРАБОТУВА за школување и им помага на родителите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?