Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ќе се рехабилитира земјоделскиот пат кај месноста Долни Бавчи во Делчево
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Ќе се рехабилитира земјоделскиот пат кај месноста Долни Бавчи во Делчево
Рурален Развој

Ќе се рехабилитира земјоделскиот пат кај месноста Долни Бавчи во Делчево

Објавено 28/07/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Се решава проблемот со пристапот до земјоделските површини и индивидуалните земјоделски стопанства во месноста Долни Бавчи во Делчево, информираа од Општина Делчево. Активноста ќе се реализира како дел од Програмата за рурален развој за 2022 година на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку поддршката на планските региони за изградба на земјоделски патишта во Делчево.

-Преку овој проект ќе се рехабилитира земјоделскиот пат во должина од 1000 метри, пат кој води од мостот на улица „Индустриска“ покрај реката Брегалница во месноста Долни Бавчи. Вредноста на Договорот за изградба на овој земјоделски пат е 1,8 милиони денари, информираа од Општина Делчево.

Додадоа дека градежните работи ќе се реализираат согласно договорот за рехабилитација на земјоделски – полски пат во Долни Бавчи, за кој градоначалникот Горан Трајковски и министерот Љупчо Николовски во Струмица потпишаа договор во рамки на настан кој беше во организација на МЗШВ.

По тој повод, Трајковски истакна дека со реализацијата на овој проект се решава и уште еден проблем на земјоделците.

-Земјоделците во месноста Долни Бавчи ќе добијат соодветна патна инфраструктура. Тоа значи полесен пристап до земјоделските површини или до нивните објекти. При поројни дождови беше оневозможено движењето со возила и со земјоделска механизација до земјоделското земјиште на овој терен. Како Општина го слушаме гласот и потребите на граѓаните и со еден сериозен пристап, бараме трајно решавање на проблемите, рече Трајковски.

Општина Делчево пред три месеци ја заврши рехабилитацијата на полскиот пат с. Вирче-с. Град во должина од 1000 метри, а неодамна е потпишан и нов Договор со Центарот за развој на ИПР за втората фаза од рехабилитацијата на селскиот пат во должина од над 320 метри и поврзување со сообраќајната инфрaструктура.

Може да ви се допадне

Во Делчево бизнис форум „Заедно да подадеме рака на развојот“
Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
Таг:делчевоДолни Бавчиземјоделскиот пат
Претходен напис Најмногу дожд наврна во Прилеп и Берово, времето и денеска нестабилно со дожд и грмежи
Следен напис Во Дубаи отворена најголемата вертикална фарма, користи 95% помалку вода
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?