Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ќе се отпишуваат каматите на долговите направени до ноември 2020, вицепремиерот Битиќи верува дека нема да има злоупотреби
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ќе се отпишуваат каматите на долговите направени до ноември 2020, вицепремиерот Битиќи верува дека нема да има злоупотреби
Агровести

Ќе се отпишуваат каматите на долговите направени до ноември 2020, вицепремиерот Битиќи верува дека нема да има злоупотреби

Објавено 18/02/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

– Ќе се отпишуваат каматите на долговите на граѓаните направени до ноември 2020 година, а обврска на граѓаните е да ја платат главнината на долгот.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска изјави дека законското решение се подготвува, а граѓаните ќе бидат навремено информирани и повикани поединечно во јавните претпријатија со цел да не се прават гужви и да се заштити нивното здравје.

Уверува дека има механизми за да се спречат можните злоупотреби од страна на граѓаните.

– Даваме можност на секој граѓанин да добие отпис на камати, ако претходно направи репрограмирање за отплата на основниот долг на 12 месеци. Тоа значи дека репрограмирањето мора да докаже и да почне да го отплаќа. Механизмот ќе биде дека сметководствено ќе му бидат отпишани каматите, но ако после првиот месец не продолжи со исполнување на договорните услови, ќе почнат затезните камати да течат како што течеле претходно, истакна Битиќи.

Верува дека ќе се направи добро законско решение кое ќе понуди минимални можности за злоупотреба, а државата, како што рече, е тука да ги најде оние кои прават злоупотреби.

Отписот на каматите на долговите е една од мерките во петтиот пакет економски мерки што Владата неодамна го донесе. Предвидено е отписот да се направи во период од пет месеци. Ќе се отпишуваат каматите на долговите кои граѓаните ги имаат направено кон јавните претпријатија. Тука не спаѓаат ЕВН, БЕГ и други приватни компании кои даваат јавни услуги, но премиерот Зоран Заев на презентацијата на петтиот пакет ги повика и овие компании доколку се во можност да се приклучат со цел да им се помогне на најсиромашните граѓани.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Битиќикаматиотпишување на камати
Претходен напис Откритие во Срб: Овците им раѓаат по пет јагниња, а кучињата наоѓаат црни и бели тартуфи
Следен напис УХМР: Минусни температури наутро, сонце во текот на денот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?