Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ќе се формира сојуз на млади земјоделци по примерот во Словенија, најави Николовски
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ќе се формира сојуз на млади земјоделци по примерот во Словенија, најави Николовски
Агровести

Ќе се формира сојуз на млади земјоделци по примерот во Словенија, најави Николовски

Објавено 20/09/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски најави формирање сојуз на млади земјоделци по примерот во Словенија. Како што рече денеска на прес-конференција, веќе е почната реализацијата на оваа идеја, а млади земјоделци од земјава во октомври ќе заминат на студиски престој во Словенија за да ги слушнат тамошните искуства.

-Во процес на креирање е нова идеја, за формирање сојуз на млади земјоделци по примерот на Руралната младинска асоцијација на младите фармери од Словенија кои се дел од Европската организација на млади фармери и кои годинава слават 30-ти роденден. Овој пример беше нашиот лајт мотив, она што го видовме заедно во Словенија да го пресликаме дома  и да ги мотивираме нашите млади земјоделци преку ваков сојуз да ги следат модерните текови и полесно да ги исполнат европските стандарди во земјоделскиот сектор тука, истакна Николовски.

Формирањето на сојузот, напомена, ќе придонесе и формирање потсекторкса група за млади во која ќе се креираат сите политики и програми за младите земјоделци.

-Веќе ја почнавме постапката за реализација на оваа идеја. Организираме студиско патување за наши млади кои ќе го посетат Сојузот во Словенија овој октомври, по што веднаш ќе го формираме сојузот прв пат од независноста на државата, потенцира министерот. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Млади земјоделциНиколовскисловенијасојуз
Претходен напис Бектеши: Намалување на цените на пијалаците наредната недела
Следен напис Утре попладне локален пороен дожд и грмежи, во петок и сабота сончево, во недела повторно нестабилно
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?