Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Казнета кланица поради непочитување на законски одредби за нештетно отстранување на нус производи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Казнета кланица поради непочитување на законски одредби за нештетно отстранување на нус производи
Агровести

Казнета кланица поради непочитување на законски одредби за нештетно отстранување на нус производи

Објавено 10/04/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), утрово спроведоа вонреден инспекциски надзор откако вчера вечер беше објавена информација на социјалната мрежа „Фејсбук“ дека струмичка кланица, преку цевка, директно испушта крв во река.

Со надзорот, како што соопшти АХВ, утврдено е дека операторот постапува спротивно на законските одредби за нештетно отстранување на нус производи (член 18 од Законот за нус производи од животинско потекло – Сл. весник на РСМ бр. 08-3248/1 од 14 јуни 2023 година).

– За сторен прекршок – нештетно отстранување и употреба на Категорија 3 материјал – нуспроизводи од животинско потекло и производи добиени од нив, согласно категоризацијата на нус производите од животинско потекло (член 11 и 14 од Законот), операторот е казнет со парична казна од 2 илјади евра во денарска противвредност, а одговорното лице во правното лице со 400 евра во денарска противвредност. Наредено е доследно спроведување на законските процедури за отстранување на нус производи од животинско потекло од категорија 3 (крв од животни заклани во кланица кои не покажуваат знаци на болест), се наведува во соопштението.

Од АХВ посочуваат дека крвта како нус производ од колењето животни (нус производ од категорија 3), согласно законските и подзаконските акти кои ја уредуваат оваа материја, треба да се отстрануваат со претходно одвојување и собирање во посебно место.

МИА

Може да ви се допадне

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на претседателката на Индија
Редовно наводнување на културите и почитување на препораките за работа на отворено, препорачуваат агрометеоролозите
Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
Таг:законски одредбиказнетакланицанус производи
Претходен напис Грант до 10.000 евра преку мерка 112 „Млад земјоделец“: Сите услови на едно место
Следен напис Сончево со мала до умерена облачност, со температура до 19 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?