Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кавадарци спроведе зелен катастар, попис на сите дрва и грмушки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Кавадарци спроведе зелен катастар, попис на сите дрва и грмушки
Агровести

Кавадарци спроведе зелен катастар, попис на сите дрва и грмушки

Објавено 09/10/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Кавадарци спроведе зелен катастар, попис на сите дрва и грмушки, информираше денеска на прес-конференција Димитар Радњански од службата Мој општинар, советник задолжен за хортикултурно уредување и заштита на природата.

Тој нагласи дека зелениот катастар, кој е и обврска од Законот за урбано зеленило, е заради зачувување и унапредување на урбаното зеленило во градот. Пописот опфаќа тип на растенија, здравствена состојба, висина, ширина на крошна, старост.

-Кавадарци има 10.490 дрвја и 1.238 грмушки. Според стручните лица, имаме задоволителен број. Но, ние како Општина продолжуваме со садење. До крајот на годината ќе се засадат нови 150 дрвја и 200 грмушки. Има најава за 200 нови садници, донација од невладината „Еко-живот”, соопшти Радњански.

Тој додаде дека има и 1.089.500 квадратни метри тревни површини, 2.830 квадратни метри цветни површини и 128.410 квадратни метри патеки во паркови.

Радњански рече дека обновено е над 90 отсто од зеленилото во градот, модерно со подземни инсталации на наводнување и со дополнително осветлување.

-Во градскиот парк „Љупчо Шкартов” како најголема површина, се наводнува со бунарска вода, што е уште една мерка за зачувување на животната средина, нагласи тој.

Општината го изработила Катастарот со свои ресурси, без буџетски средства.

МИА

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:зелен катастаркавадарципопис
Претходен напис Бектеши-Петровиќ: Заеднички да работиме на надминување на предизвиците и зголемување на конкурентноста кај земјите во регионот
Следен напис Европскиот суд ја потврди француската забрана на пестициди што им штетат на пчелите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?