Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Катерина Николовска од Прилеп ја освои титулата „Гран при Вешта жена“ за 2026 на Републичката манифестација во Тетово
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Катерина Николовска од Прилеп ја освои титулата „Гран при Вешта жена“ за 2026 на Републичката манифестација во Тетово
Агровести

Катерина Николовска од Прилеп ја освои титулата „Гран при Вешта жена“ за 2026 на Републичката манифестација во Тетово

Објавено 11/05/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Тетово се одржа Републичката манифестација „Вешта жена 2026“ на која се натпреваруваа победничките од 11 општински натпревари во подготвување, декорирање и сервирање на главно јадење, погача и десерт.

Титулата „Гран при Вешта жена 2026“ според број на бодови од жири и беше доделена на Катерина Николовска од Прилеп. Второто место и припадна на Даниела Димитриевска од Тетово, а трето место освои Мима Ѓорѓиева од Македонска Каменица. Според бројот на бодови од публиката „Гран при Вешта жена 2026“ прво место освои Даниела Димитриевска од Тетово.

Титулата „Вешта жена 2026“ според бројот на бодови жирито и ја додели на Марија Дамјановска од Скопје. На втората позиција се пласираше Зорица Јовановска од Тетово, додека трето место освои Билјана Костеска од Прилеп. За „Вешта жена 2026“ според број на бодови доделени од публика е прогласена Марија Дамјановска од Скопје. 

-Ова се победничките од општинските натпревари. И кога би рекле избираме Вешта жена на Македонија, јас би ги избрала сите до една и „Гран при“ и „Вешта жена“. Што се однесува за квалитетот, изработките ми се чини дека оваа година беа како и секоја, меѓутоа ми се чини оваа година беше нешто посебно со нивните изработки на експонати на лице место. Сето тоа што требаше да се направи, го направија а ние уживавме во спомените што тие ги оставаат кај нас, истакна Снежана Стојановска, претседателка на Вешта жена.

„Вешта жена 2026“ беше поовеќе од натпревар, ги обедини вештините и љубовта на жените од цела Македонија, рече таа. 

-Квалитетот на натпреварите го дава резултатот на квалитетот на споделената љубов меѓу жените: Сите овие различности не прават да бидеме еднакви и по возраст и по образование, и по политички убедувања. Само на тој начин можеме да се издигнеме над сите човечки вредности, потенцираше Стојановска. 

Сите победнички во осум дисциплини, како и за титулите „Гран при Вешта жена 2026“ и „Вешта жена 2026“ добија пехари, дипломи и награди. Сите победнички на општински натпревари и учеснички на Републичката манифестација Вешта жена на 22 јуни ќе имаат заедничко патување.

МИА

Може да ви се допадне

Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Се чека со часови за влез во Грција. Километарски колони и покрај седум ленти
Германските земјоделци предупредуваат на можен недостиг на ѓубрива поради кризата на Блискиот Исток
ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
Таг:Гран при Вешта женаКатерина НиколовскаПрилепТетово
Претходен напис Економскиот експерт Нику Спринчан за МИА: Балканот е заглавен во „ценовен парадокс“ – плаќаме европски цени со примања далеку под просекот
Следен напис УХМР: Попладне пороен дожд, грмежи и локално невреме
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?