Сувото овошје е многу здраво, тоа е вистински спас за зимските денови. Содржи многу здрави влакна и нема маснотии. Бидејќи водата е отстранета од овошјето, неговиот рок на траење автоматски се продолжува. Ако добро сте го исушиле и правилно сте го складирале сувото овошје може да трае и повеќе од една година.
Често се случува, сушеното овошје да не е добро складирано и да се појави мувла па сиот труд околу сушењето да пропадне. Со помош на овие совети тоа повеќе нема да ви се случува.
Рок на траење
Грозје, сушени брусници, вишни, манго, кајсии, сливи и урми можат да траат од 6 до 12 месеци во подрум, од 1 до 2 години во фрижидер, а неограничено долго во замрзнувач. Но, потребно е да се придржувате на некои правила и при сушењето и при складирањето на овошјето.
Сушено овошје – насоки за чување
-Нмојте да го пакувате и да го складирате овошјето додека не бидете сигурни дека во целост се исушило..
– После сушењето мора да направите неколку подготовки пред конечното складирање.
Ставете го во тегли, кои не се целосно затворени и внимавајте да не ставате премногу. Потребно е овошјето да има простор за да дише. Оставете го така 7 до 10 дена, но секој ден протресете ги теглите по малку за вишокот на влага да се распореди еднакво на сите парчиња овошје и да се избегнете мувлосување. Ако забележите дека се појавила влага во теглата тогаш тоа значи дека не сте го исушиле доброо и дека ќе морате да го ставите овошјето повторно во рерна или во дихдрататор.
– После оваа постапка чувајте го во добро затворени садови или вреќички на суво, студено и темно место.
– Ако користите ќеси за замрзнување, пожелно е да имаат зип затворач и да го истиснете целиот взодух пред да ги затворите.
-Внимавајте кога купувате суво овошје избегнувате го она кое е третирано со сулфур диоксид. А ако веќе го купувате, чувајте го во пластични, а не во метални садови.
– Сувото овошје чувајте го во мали купчиња да го намалете ризикот од расипување.
– Идеална температура за чување на сушено овошје е 15 степени .
– Чувајте го во фрижидер или замрзнувач за да му го продолжете рокот на траење.
Извор: lifepressmagazin.com
