Во Германија нема ограничувања во правата за стекнување на земјоделско земјиште ниту за странци, ниту за правни лица. Наместо тоа, веројатноста од манипулации со него се контролира со годишно следење на цените на земјиштето, што го спроведува група независни брокери, информира dw.com.
Можноста за споредување на цените на продаденото земјиште, преку оваа база на податоци овозможува следење на зголемувањето и намалувањето на цените. Во случај на закуп на земјиште (60% од обработливото земјиште е изнајмено, а честопати сопственици на тоа земјиште се општините) закупецот мора да наведе какви култури ќе одгледува и во иднина нема право да отстапи од договорот.
Покрај тоа, земјоделците мора да следат одредена ротација на земјоделските култури и не можат да ја посеат истата култура двапати по ред на иста почва. На овој начин, законодавството ги обесхрабрува практиките за уништување на земјиштето.
Во источните земји, предност за купување на земјоделското земјиште им беше дадена на поранешните корисници: по одреден период, тие можеа да ја купат земјата што дотогаш ја обработувале по 65% од пазарната цена.
Закупнината за изнајмување на земјоделско земјиште во Германија изнесува во просек 330 евра за хектар, додека пак таа повеќе од 10 години изнесувала 100 евтра за хектар. Просечната продажна цена на земјоделското земјиште е од 10 000 евра за хектар во Сар до 65 000 евра за хектар во Баварија.
Извор: Агри.бг
