Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) на 26.04.2024 год. објави јавен повик за финансирање под инструментот за поддршка “Ко-финансирани грантови за комерцијализација на иновации“. На јавниот повик може да се поднесат иновативни предлог-проекти за финансирање во максимален износ до 325.000 евра по проект. Крајниот рок за аплицирање е 04.06.2023 год.
Износ на грант
ФИТР обезбедува финансиска поддршка во форма на кофинансиран грант во максимален износ до 325.000 евра.
Со други зборови, најголем дел од буџетот за проектот (до 60 или 70%) го финансира ФИТР, а помал дел (30 или 40%) покрива апликантот со сопствени средства.
Големина на компанија | Грант од ФИТР | Дел на апликант |
---|---|---|
– До 50 вработени – Годишен приход до 2 милиони евра | до 325.000 евра (70%) | 138.000 евра (30%) |
– Од 50 до 250 вработени – Годишен приход од 2 до 10 милиони евра | до 325.000 евра (60%) | 216.000 евра (40%) |
Износот на остварени годишни приходи и просечен број на вработени се утврдува согласно финансиските извештаи за 2022 и 2023 година.
ПРИМЕР
Компанија со 10 вработени аплицира со проект во вкупен буџет од 200.000 евра.
ФИТР обезбедува 140.000 евра, односно 70%.
Компанијата обезбедува сопствени 60.000 евра, односно 30%.
Кој може да аплицира
На јавниот повик може да аплицираат микро, мали и средни претпријатија кои ги исполнуваат следните критериуми за подобност:
- трговско друштво основано согласно Законот за трговски друштва и регистрирано во Централниот регистар на Република Северна Македонија;
- годишните приходи на апликантот да не надминуваат 10.000.000 (десет милиони) евра, според финансиските извештаи за претходните две фискални години;
- просечниот број на вработени согласно финансиските извештаи за претходните две години да не надминува 250 вработени;
- да не е поврзан (согласно Законот за трговските друштва) со друго претпријатие чии годишни приходи надминуваат 10.000.000 (десет милиони) евра и просечниот број на вработени да не надминува 250 во претходните две фискални години, освен во случај на поврзаност со високообразовна, односно научноистражувачка установа;
- апликанти со над 3 (три) години на постоење до моментот на аплицирање да немаат остварена загуба согласно финансиските извештаи за последните две календарски години, согласно член 14 став 1 алинеја 5 од Правилникот и одредбите од Јавниот конкурс.
- апликантот, до моментот на аплицирање на јавниот повик, да нема тековен (активен) проект кој е финансиски поддржан од страна на Фондот по основ на некој од инструментите за поддршка;
- против него да не е поведена стечајна постапка или постапка на ликвидација;
- да има подмирени доспеани обврски по основ на јавни давачки и придонеси;
- против него да не се отпочнати постапки за присилно извршување на доспеани парични побарувања;
- да ги исполнува условите од Законот за контрола на државна помош и условите од член 6 од Уредбата за условите и постапката за доделување на хоризонтална помош.
Во случај на предлог проекти поднесени од страна на конзорциум, предлог проектот во име на конзорциумот го поднесува водечки апликант. Членови на конзорциумот можат да бидат: претпријатија, високообразовни и научно-истражувачки установи од земјата и од странство.
Рок за аплицирање
Крајниот рок за аплицирање на овој јавен повик е 04.06.2024 год. до 14 часот.
Какви проекти се бараат
Целта на јавниот повик е преку обезбедување на неопходната финансиска поддршка за активности поврзани со истражување и развој да се обезбеди поддршка за трговски друштва кои сакаат да развијат нов или подобрен производ, процес или услуга.
Ке бидат поддржани проекти со јасна комерцијална цел кои се во фаза на прототип (или соодветна фаза во зависност од видот на иновативниот производ, услуга, процес) се до преткомерцијална (претпазарна) фаза.
Подобни активности за финансирање се:
- истражување и развој
- тестирање
- активности поврзани со заштита на интелектуална сопственост
- дизајн
- развој на пилот линии
- активности поврзани со обезбедување квалитет
- активности за маркетинг и продажба (насочени кон доведување на иновацијата до инвестициска подготвеност и зрелост за воведување на пазарот)
Подобни трошоци за финансирање
- бруто плати за вработените лица кај апликантот и членовите на конзорциумот кои ќе бидат ангажирани на проектот. Износите на бруто плати на вработените ангажирани на проектот треба да соодветствуваат на воспоставените практики на корисникот пред почетокот на проектот, намалени за износот на потенцијална државна субвенција примена по основ на плата; набавка и/или изнајмување на опрема и потрошни материјали за истражување и развој;
- поддоговорнии услуги за истражување и развој (пр. тестирање, лабораториски услуги и сл.);
- ангажирање на експерти/советници за истражување и развој;
- ангажирање на консултанти за останати потреби дирекно поврзани со очекуваните резултати на проектот (експертиза поврзана со иновациски менаџмент, финансиски менаџмент, мобилизација на средства, бизнис развој, маркетинг, правни работи, заштита на интелектуална сопственост и друго);
- подготовка и поднесување на пријава за патент, заштита на трговска марка и/или индустриски дизајн;
- трошоци за маркетинг;
- канцелариска и деловна поддршка (наем на деловен простор, режиски трошоци, банкарски провизии, сметководствени услуги, хостинг и останати видови на административна помош) во максимален износ од 10% (десет проценти) од вкупниот буџет на проектот.
Единствено трошоците настанати за активности спроведени за времетраење на проектот, а кои се во согласност со одобрениот буџет на проектот и правилата и процедурите на Фондот се подобни за финансирање.
Времетраење на проектот
Времетраењето на проектот може да биде до 24 месеци.
Обврска за плаќање на ројалти
Финансиската поддршка во рамки на јавниот повик е неповратна, но постои обврска за плаќање на годишен надомест (ројалти) доколку производот или услугата се успешно пласирани на пазарот.
Секое плаќање на ројалти се врши по стапка од 5% од годишниот приход на корисникот остварен со продажба на производот или услугата кои се резултат на проектот се додека не се исполни еден од двата услови за прекинување на обврската:
- Остварување на поврат на 100% од износот исплатен од страна на Фондот; или
- По истек на 5 години по завршувањето на проектот.
За прекин на обврската не е потребно да бидат исполнети двата услови заедно.
За повеќе информации и целосна професионална подготовка на апликации јавете се на телефонскиот број
📞 071 285 385
или испратете e-mail на [email protected]