Ловорот ретко можеме да го видиме во нашите градини. Тоа е сосема неоправдано, затоа што ловорот е едно од зачинските растенија кое е многу лесно за одгледување. Тој е многу популарен на Медитеранот и во Европа. Ловорот претставува еден вид низок жбун и расте во топлите краеви. Може да се одгледува како декоративно растение, но го одгледуваат и оние кои сакаат да го имаат како зачин во својата кујна.
Употреба на ловорот
Ова растение се користи најмногу во кулинарството, за подготовка на варени јадења и месо, но и за подготовка на риба. Кога станува збор за овие јадења ловоровиот лист е неодминлив вид на зачин. Кога доволно ќе порасне и ќе стане возрасно растение, ловорот може да преживее и во нашите временски услови. Сепак, првите две или три години растението треба добро да се заштити така како што тоа го правиме кога одгледуваме маслинка или калинка.
Ловорот е растение со трајни зелени листови па може убаво да се одгледува како посебен мал жбун или дрво, може да се режи, па може да биде едно убава украсно растение. Плодовите на ловорот отпаѓаат под самото растение што ни зборува дека тие тогаш се зрели и дека во нив се наоѓа семе кое може да `рти.
Семето од ловорот е многу убаво и лесно `рти. Некогаш и семето од ловорот се користело во исхраната, меѓутоа повеќе ја нема таа употреба, но секако можеме да го кроистиме за сеење на нови растенија. Потребно е само семето кое одлежало една година да се посади во земја како и кое било друго семе. Со оглед на тоа дека семето е крупно, доволно е само неколку семки да се стават во една саксија. Подоцна кога растенијата ќе пораснат може да ги раздвоите.
Садење на ловор во саксија
За да засадиме ловор во саксија најдобро е да ставиме 4 семки во една саксија и мешавина од обична градинарска земја и ѓубриво. Тоа е сосема добра комбинација која ќе му овозможи на растението да никне. Вака насадените семки во саксија би требало да се стават на светло и топло место каде што ќе имаат време да ја примат влагата од земјата и после тоа да `ртат.
Оние семки кои ќе из`ртат ќе растат оваа година, а растениeто до есен ќе достигне висина од само 10-15 см, можеби и 20 см со добро наводнување и прихрана. Таквите растенија се држат во затворен простор, па подоцна ќе можеме да ги изнесеме и надвор. Ако сакате ловорот да го одгледувате како собно растение, процесот на одгледување и нега е ист.
Извор: agromedia.rs
Напишете коментар