Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Како да одгледате ловоров лист во саксија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Како да одгледате ловоров лист во саксија
Совети

Како да одгледате ловоров лист во саксија

Последна измена: 12/05/2025 15:34
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Ловорот ретко можеме да го видиме во нашите градини. Тоа е сосема неоправдано, затоа што ловорот е едно од зачинските растенија кое е многу лесно за одгледување. Тој е многу популарен на Медитеранот и во Европа. Ловорот претставува еден вид низок жбун и расте во топлите краеви. Може да се одгледува како декоративно растение, но го одгледуваат и оние кои сакаат да го имаат како зачин во својата кујна.

Употреба на ловорот

Ова растение се користи најмногу во кулинарството, за подготовка на варени јадења и месо, но и за подготовка на риба. Кога станува збор за овие јадења ловоровиот лист е неодминлив вид на зачин. Кога доволно ќе порасне и ќе стане возрасно растение, ловорот може да преживее и во нашите временски услови. Сепак, првите две или три години растението треба добро да се заштити така како што тоа го правиме кога одгледуваме маслинка или калинка.

Ловорот е растение со трајни зелени листови па може убаво да се одгледува како посебен мал жбун или дрво, може да се режи, па може да биде едно убава украсно растение. Плодовите на ловорот отпаѓаат под самото растение што ни зборува дека тие тогаш се зрели и дека во нив се наоѓа семе кое може да `рти.

Семето од ловорот е многу убаво и лесно `рти. Некогаш и семето од ловорот се користело во исхраната, меѓутоа повеќе ја нема таа употреба, но секако можеме да го кроистиме за сеење на нови растенија. Потребно е само семето кое одлежало една година да се посади во земја како и кое било друго семе. Со оглед на тоа дека семето е крупно, доволно е само неколку семки да се стават во една саксија. Подоцна кога растенијата ќе пораснат може да ги раздвоите.

Садење на ловор во саксија

За да засадиме ловор во саксија најдобро е да ставиме 4 семки во една саксија и мешавина од обична градинарска земја и ѓубриво. Тоа е сосема добра комбинација која ќе му овозможи на растението да никне. Вака насадените семки во саксија би требало да се стават на светло и топло место каде што ќе имаат време да ја примат влагата од земјата и после тоа да `ртат.

Оние семки кои ќе из`ртат ќе растат оваа година, а растениeто до есен ќе достигне висина од само 10-15 см, можеби и 20 см со добро наводнување и прихрана. Таквите растенија се држат во затворен простор, па подоцна ќе можеме да ги изнесеме и надвор. Ако сакате ловорот да го одгледувате како собно растение, процесот на одгледување и нега е ист.

Извор: agromedia.rs

Може да ви се допадне

Корисни совети за заштита од оси лете
Супер трик кој ќе ве воодушеви: Како на хортензиите да им ја смените бојата?
Инфлацијата пак расте: Храната од април до мај поскапела за 4,1 отсто
(ВИДЕО) Прихрана и заштита со МЛЕКО: Нема да ги препознаете краставиците и доматитe, оваа мешавина е како ракетно гориво за раст
Како да одгледувате зеленчук на балкон
Таг:зачинлооров листсаксијасоветихрана
Претходен напис Во Црна Гора регистриран сомнителен случај на бруцелоза кај овци
Следен напис (ВИДЕО) Техника за садење на боровинки во саксија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?