Според Агенцијата за заштита на животната средина, воздухот во затворените простории е обично 2-5 пати позагаден од надворешниот воздух. Тоа е затоа што затворените простори, како што се домовите и канцелариите, овозможуваат загадувачите да се акумулираат и да се концентрираат. Во продолжение прочитајте како да направите природен освежувач со помош на ориз.
За природниот освежувач ќе ви требаат:
-Стаклена тегла
-Ориз
-Етерично масло по ваш избор
Оризот ќе ги впие сите мириси од етеричното масло, па собата за миг ќе замириса.
Овој целосно природен мирис ќе остане во вашиот дом и до неколку месеци, а е многу подобар од освежувачите за воздух купени во продавница кои се полни со хемикалии кои содржат канцерогени материи што можат да влијаат на хормоните.
Можете да изберете какво било миризливо масло, но најефективно во отстранувањето на лошите мириси е маслото од маточина.
