Основа на секој печуркарник е чиста и затворена просторија на која може да се изведе вентилација за влез и излез со пропишан капацитет, климатизација и овлажување.
За просторија 4×4 ви е потребно:
-Два аспиратора со малку поголем капацитет кој одговара на просторијата. Ова зависи и од висината.
-Клима 3.5KW за регулирање на температурниот режим. Ваква клима можете да користите во просторија од 32 метри квадратни.
-Овлажувач на воздухот за регулирање на влагата.
-Сталажи кои можат да бидат комбинација дрво метал. Сталажите се покрај ѕидовите. Димензијата на сталажите ја диктира просторот. Во секој случај длабочината би требала да биде најмалку 50 см. И растојанието помеѓу етажите 50 см.
-Светлина регулирана на тајмер. Светлината треба да биде бела. Може лед сијалица.
Вака регулиран печуркарник има капацитет од 250 вреќи.
Производството може да се организира на неделно ниво со внесување 65 вреќи неделно. Тоа би значело дека можете да сметате на 100 килограми печурки неделно.
Доколку работите без неделен ритам, 28. ден по внесувањето на компостот ќе треба да соберете од 330 до 380 килограми печурки, а тоа секако зависи и од тоа како сте работеле.
Сите параметри се земени врз основа на искуство на Oдгледувачи на печурки.
