Змиите спаѓаат во многу важни природни предатори, кои ефективно ја контролираат популацијата на глувците, стаорците и други потенцијални штетни глодари. Сепак, никогаш не е пријатно да се видат во дворовите или на фармите, особено ако чувате живина или стока. Тогаш работите можат да излезат од контрола.
Дури и ако повеќето корисни змии не се отровници, често се непожелни гости на нашите имоти. Уредувањето на самиот терен, односно местото е релативно едноставен начин да се намали можноста за населуавње на змии во вашата градина.
Засолниште и извори на храна
Повеќето змии повеќе избираат студени, влажни и мрачни живеалишта, како што се купишта дрва, штици, густи грмушки или висока трева. Истите овие места ги бираат и глодарите. За да се намали можноста за појава на змии отстранете ги потенцијалните живеалишта и за грабливецот и за пленот.
Редовно косете го тревникот и кратете ја живата ограда особено онаа која расте близу до почвата. Наредете ги камењата и дрвото за огрев подалеку од градината и куќата, а уште поидеално би било на полици. Исто така, храната за милениците чувајте ја во затворени контејнери.
Со што можете да се заштитите?
Посипете сода бикарбона по градината и дворот и ќе ги избркате змиите кои според некои истражувања не ја сакаат содата. Па така, ако се плашите од змии, во мали купчиња насипете сода бикарбона по градината и дворот.
Стручњаците препорачуваат мирис на нафталин како средство со кое можете да ја заштитите околината на куќата од овие влекачи. Употребата е многу едноставна. Се расекува пластично шише со кое се покрива нафталинот издигнат над земјата, за да не го мие дождот, а змиите го чувствуваат на голема оддалеченост и не се задржуваат во околината.
